Граѓанско право (3+1+1)

Изборен модул Граѓанско право (3+1+1)

Име на насоката: Граѓанско право
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: изборен модул на додипломски студии (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 6
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 240
Стручен назив: дипломиран правник
Годишна школарина: 1030 евра


Поаѓајќи од основните постулати на современата правна наука и трендот за изучување на системот на граѓанското право и граѓанско правните институти на најреномираните правни факултети во светот, Факутетот за правни науки при МСУ воведе специјализирана студиска програма од оваа комплексна и динамична област, која на студентите ќе им понуди можност да се стекнат со проширено стручно знаење и вештини, како и истото тоа да го применат во пракса.



Студиската програма Граѓанско право на студентите им нуди можност да го прошират своето знаење во однос на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Северна Македонија, како и да го прошират своето знаење во повеќе правни дисциплини од областа на граѓанското право во споредбеното право.

Се очекува студентите во рамки на овој циклус на студии да се профилираат во стручну кадри кои поседуваат проширено знаење и вештини не само за теоретска, туку и за практична примена на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Северна Македонија, со што ќе дадат свој придонес кон развојот на судскиот систем, адвокатурата, нотаријатот, извршувањето, јавната и државната администрација, невладиниот сектор, правните служби на странски и домашни приватни компании и слично.


Наставна програма


Граѓанско право е еден од изборните модули кои студентот може да ги избере по завршувањето на тригодишните општи студии.

Оваа насока е наменета за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Насоката им нуди можност да студентите да го продолжат своето образование во четврта година, односно да освојат дополнителни 60 ЕКТС, со што ќе се стекнат со стручен назив дипломиран правник.

Студиската програма трае една година (два семестри) и со завршување, заедно со првиот циклус, по вкупно стекнатите 240 кредити и одбрана на завршен дипломски труд, студентот се стекнува со стручниот назив дипломиран правник.

 

Факултет за правни науки
Насока Граѓанско право
Стручен назив: дипломиран правник
7 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Методологија на истражување Задолжителен 8 240
2 Авторско право Задолжителен 8 240
3 Право на индустриска сопственост Задолжителен 8 240
4 Договорно право Задолжителен 6 180
8 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
5 Граѓанско право-применета програма Задолжителен 14 420
6 Изработка на дипломски труд Задолжителен 16 480

Услови за упис

Право на запишување на изборен модул имаат студентите кои се стекнале со најмалку 180 ЕКТС.


Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


Факултет за правни науки | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за правни науки се веќе започнати! ⏰Наставните програми им нудат на идните студенти можност да се стекнат со потребната теоретска основа и практични познавања, способности и вештини од областа на правото.И Вие сакате да студирате право? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fpn/dodiplomski/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Monday, June 26, 2017


CAPTCHA
Please wait...