Финансии и банкарство (4+1)

Насока Финансии и банкарство

Име на насоката: Финансии и банкарство
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 40
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран економист (насока: Финансии и банкарство)
Годишна школарина: 1030 евра


Финансиите играат значајна улога во стабилноста на светската економија, што значи дека тие се директно или индиректно поврзани со сите нас. Финансии и банкарство  е насока за сите оние кои сакаат да се вработат во областа на финансиите (сметководители, банкари). Студиите траат четири години, односно осум семестри.

Во наставната програма ќе ви бидат објаснети суштината и практичното значење на основните принципи на финансиите, ќе научите да ги познавате карактеристиките и видовите на различни финансиски инструменти (обврзници, акции, штедни влогови, заеми, финансиски деривати, итн.), ќе ги научите принципите на вреднување на финансиските инструменти, односно основните фактори од кои зависи одлуката на инвеститорот во кои од финансиските инструменти ќе ги вложи своите пари.

Вклучени се и предмети од областа на сметководството, каде ќе бидете запознаени со основните техники на книжење на средствата, со сметководственото евидентирање на приходите и расходите…



Финансии и банкарство е насока која ќе ви помогне да ги развиете своите аналитички вештини, како и вештините за донесување заклучоци. Постојат бројни претходно подготвени теории кои можат да ви помогнат да одлучите кое финансиско решение е најдобро, но овде ќе научите дека секоја ситуација е различна. Претходно подготвените теории ќе ви помогнат да ги согледате работите, но не значи дека секогаш ќе можат да се имплементираат такви какви што се.

Токму затоа, овде ќе научите да го развиете вашето „чувство“ за справување со работите кои не може да се предвидат, кое вам, како иден економист, ќе ви биде најдобар сојузник.

Во рамките на четиригодишните студии се опфатени 40 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од можните два изборни предмети, студентите избираат само еден. Од можни три предмети, се избираат два предмети. Од можни четири предмети, студентите избираат само два.

По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив дипломиран економист (насока Финансии и банкарство).


Наставна програма • четиригодишни студии


Факултет за економија и организација на претприемништво
Насока: Финансии и банкарство
Дипломиран економист (насока: Финансии и банкарство)
1 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Микроекономија Задолжителен 6 180
2 Математика за бизнис Задолжителен 6 180
3 Основи на менаџмент Задолжителен 6 180
4 Англиски јазик 1 Задолжителен 6 180
5 Деловна етика Изборен 6 180
6 Информациони системи Изборен 6 180
2 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Макроекономија Задолжителен 6 180
8 Принципи на
сметководство
Задолжителен 6 180
9 Статистика Задолжителен 6 180
10 Англиски јазик 2 Изборен 6 180
11 Вовед во бизнис Изборен 6 180
12 Деловно комуницирање Изборен 6 180
3 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Принципи на маркетинг Задолжителен 6 180
2 Претприемништво Задолжителен 6 180
3 Трговско право Задолжителен 6 180
4 Руски јазик 1 Задолжителен 6 180
5 Менаџерска економија Изборен 6 180
6 Монетарна економија Изборен 6 180
4 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Јавни финансии Задолжителен 6 180
8 Организациско
однесување
Задолжителен 6 180
9 Финансиско
сметководство
Задолжителен 6 180
10 Маркетинг политика на
цени
Задолжителен 6 180
11 Руски јазик 2 Изборен 6 180
12 Психологија на бизнис Изборен 6 180
5 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Финансиски пазари и
институции
Задолжителен 6  180
2 Деловно планирање Задолжителен 6  180
3 Осигурување Задолжителен 6  180
4 Банкарство Задолжителен 6  180
5 Менаџмент на човечки
ресурси
Изборен 6  180
6 Банкарски маркетинг Изборен 6  180
6 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Корпоративни финансии Задолжителен 6 180
8 Анализа на финансиски
извештаи
Задолжителен 6 180
9 Финансиски менаџмент Задолжителен 6 180
10 Управување со ризици Изборен 6 180
11 Стратегиски менаџмент Изборен 6 180
12 Стратегиски маркетинг Изборен 6 180
7 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Хартии од вредност Задолжителен 6 180
2 Меѓународни финансии Задолжителен 6 180
3 Ревизија Задолжителен 6 180
4 Е-бизнис Задолжителен 6 180
5 Проектен менаџмент Изборен 6 180
6 Оперативен менаџмент Изборен 6 180
8 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Меѓународна трговија Задолжителен 6 180
8 Инвестиции Задолжителен 6 180
9 Девизен систем Задолжителен 6 180
10 Меѓународни економски
односи
Изборен 6 180
11 Банкарски менаџмент Изборен 6 180
12 Менаџмент на промени Изборен 6 180

 


Услови за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


Факултет за економија | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за економија се веќе започнати! ⏰Менаџментот и економијата се тесно поврзани со креативноста и иновациите. Доколку сте креативни и мотивирани – припаѓате овде!И Вие сакате да студирате економија и менаџмент? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/feiop/za-fakultetot/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Tuesday, June 27, 2017


CAPTCHA
Please wait...