Денес во просториите на нашите партнери – Високата школа за телекомуникации и пошти од Софија, Бугарија, се одржа работен состанок на кој се дискутираа и разгледуваа нови идеи за идна соработка.
На состанокот присуствуваше претседателот на Управен Одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, ректорката на Високата школа за телекомуникации и пошти, проф. д-р Миглена Темелкова, и проф. д-р Бојко Соколовски.
Високата школа за телекомуникации и пошти е основана во 1881 година и годинава слави 139 години од своето постоење.