Четврта година по ред студенти од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ земаат учество на меѓународниот фестивал „Друзья, прекрасен наш союз”.
Во периодот од 9-ти до 15-ти септември, во Варна (Бугарија) се одржува Седмиот меѓународен фестивал за студенти «Друзья, прекрасен наш союз!». Студентите од нашиот универзитет оваа година се единствена делегација од Македонија, и на фестивалот учествуваат во заеднички состав со студенти од Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски”.
Фестивалот е организиран од Фондацијата Руски мир, фондацијата Одржлив развој за Бугарија и СОК Камчија, со поддршка на Министерството на образованието и наука на Бугарија. На фестивалот оваа година учество земаат повеќе од 300 студенти кои доаѓаат од 22 различни земји, меѓу кои се Велика Британија, Виетнам, Финска, Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Италија, Полска, Молдавија, Романија, Германија, Русија, Словачка, Јапонија и др.