Годинава за првпат го организиравме нашиот Велигденски фестивал и базар во Свети Николе. Велигденскиот фестивал се одржa денес, 5-ти април од 18:00 до 21:00 часот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе. На фестивалот беше организиран велигденски базар со празнично декорирани јајца, рачно изработени празнични декорации и книги.
Во 20:00 часот беше одиграна урнебесната комедија „Европејци“ подготвена од Градски аматерски театар „Сцена 71“, Свети Николе по текст на Мирољуб Недовиќ, во режија на Слободан Елисеев.