Цели и задачи
1. Отворениот меѓународен конкурс за социјален плакат „Русија-територија на светот“ се одржува со цел да се откријат млади таленти, да се даде поддршка и признание на млади талентирани дизајнери, барање нестандардни идеи, кои ефективно влијаат врз човекот, привлекување внимание кон социјалните прашања по пат на создавање јавна реклама (плакат), зачувување, развој и зацврстување на духовно-моралните вредности и традиции на народите на северен Кавказ, Русија; зачувување на културната разновидност и духовното единство на средствата за култура и уметност како највисоки вредности.
Цел на конкурсот за сликарски и графички трудови “Русија видена со твои очи” е пропаганда меѓу децата и младината за единство на руската нација, зачувување на самобитноста на народите во Русија, хармонизација на односите како внатре во семејството така и меѓу народите, а исто така видување на Русија преку очите на народите од други земји.
Цели на конкурсот:
2. Задачи на конкурсот “Русија-територија на светот”
Конкурсот „Русија – видена со твои очи” е насочен кон решавање на следниве задачи:
Барања за трудовите
Плакат (постер) придружен со слоган или идеен текст на цртежот, фотографија, колаж, компјутерска графика во форма JPEG со густина на сликата 1/1 не помалку од 300 dpi. Фотографиите на конкурсот се примаат како постери направени на хартија, картон, пластика во форма 60х90, исто така во електронски вид на дигитални медиуми (формат JPG 300 dpi). Плакатите (постерите) можат да бидат направени во било која техника (мастило, гваш, пастел, компјутерска графика, комбинирани техники). Еден учесник може да учествува со најмногу 3 трудови во секоја номинација. Секој труд треба да има придружна информација (пријава).
Сите подготвени материјали ќе бидат претходно рецензирани. Организациониот комитет има право да не ги публикува материјалите без објаснување причини за истото.
Конкурсот “Русија – територија на светот” ги содржи следниве теми (номинации):
(превземи ја пријавата овде)
Во трудовите треба да се одразуваат социјалните проблеми и можните патишта за нивно решавање. Ако учесникот сака да актулизира дополнителна тема тој може да ја пријави и да ја презентира во својот плакат. Трудот не треба да биде контрадикторен со федералниот закон за реклами.
Барања за кандидатите на меѓународниот конкурс за графички и сликарски трудови на тема “Русија видена со твои очи”
(превземи ја пријавата овде)
Приемот на трудовите од конкурсот ќе се реализира од 1.12.2013 до 9.3.2014 година. На конкурсот се примаат сликарски и графички трудови во било која техника. Фотографиите на трудовите се примаат во електронски вид на дигитални медиуми, формат JPG 300 dpi. Еден учесник може да учествува со најмногу 3 труда. Секој труд треба да има придружна информација (пријава).
Во конкурсот за графички и сликарски трудови има 3 возрасни категории:
1. Од 5 до 12 години
2. Од 13 до 18 години
3. Над 19 години
Сите подготвени материјали ќе бидат претходно рецензирани. Организациониот комитет има право да не ги публикува материјалите без објаснување причини на истото.
Сите трудови треба да го рефлектираат сопственото видување на земјата, сопствената улога за животот во Русија, сопствениот однос кон процесите, кои се случуваат во Русија. Трудовите треба да бидат оригинални и елоквентни.
ВНИМАНИЕ:
Заедно со пријавата треба да биде приложен и трудот направен согласно барањата од конкурсот.
Најдобрите уметнички трудови (слика, графика, плакат, применета уметност) ќе бидат изложени 27 и 28 Март 2014 година, во администрацијата на претседателот на Руската Федерација (Москва), Стар плоштад, дом број 4.
На победниците ќе им бидат врачени дипломи и пригодни подароци.
Пријавата за учество на конкурсот треба да се поднесе во електронски вид (прилог бр.1, бр.2) до 6.3.2014 година на адреса: fdpf@yandex.ru
Овде превземи ги Пријава 1 и Пријава 2.
Овде превземи го конкурсот.