Филиз Сајар, Драженка Биркиќ и Катаржина Кита – Валенка деновиве се во посета на МСУ во рамките на програмата Еразмус+, во делот на мобилност за наставен кадар. Филиз Сајар доаѓа од Универитетот Сулејман Демирел во Испарта, Турција, Драженка Биркиќ доаѓа од Универзитетот за применети науки во Карловац, Хрватска, а Катаржина Кита – Валенка доаѓа од Универзитетот Јан Кохановски во Киелце.
Во рамки на денешната посета на универзитетот (23 мај 2022) остварија средба со претседателот на Управен одбор на Меѓународен Славјански Универзитет, проф. д-р Јордан Ѓорчев, проф. д-р Живко Митревски, професор на Факултетот за правни науки при МСУ и вработените од Канцеларијата за меѓународни односи.