Со потпишување на меморандум за соработка, во рамките на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола на 28 септември 2023 година беше направен првиот чекор за формирање на единствена Кино мрежа во Република Северна Македонија. Нашето универзитетско кино – Киноверзум е дел од киноприкажувачите во Република Северна Македонија кои го потпишаа меморандумот и кои ќе бидат основачи на кино мрежата зедно со Агенцијата за филм и канцеларијата на Креативна Европа Медиа Македонија.
Годинава се одбележуваат 100 години од отворањето на првото кино на браќата Манаки и со овој чин симболично се одбележа овој значен јубилеј. Договорот беше потпишан под медијаторство и иницијатива на Форумот за разумни политики.
Меморандумот ќе биде основа за формирање на единствена Кино мрежа во Република Северна Македонија чија цел е да ги поврзе киноприкажувачите, да овозможи создавање на нова публика, но и едукација од областа на филмот.
На потпишувањето на меморандумот му претходеше работен состанок кој се одржа на 27 септември 2023 година, на кој присутни беа:
По свеченото потпишување на меморандумот, киноприкажувачите ќе се сретнат на работен состанок на Киноверзум во Свети Николе, со што продолжуваат активностите за основање на првата и единствена Кино мрежа во Република Северна Македонија.