Тимот на Меѓународен Славјански Универзитет оствари средба со матурантите од СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе на која беа споделени информации за студиските програми и можностите кои ги нуди универзитетот. Преку интерактивни презентации и дискусии, со посебен акцент на иновативните студиски програми, современите методи на учење и можностите за финансиска поддршка, МСУ ги претстави своите капацитети да овозможи квалитетно и достапно образование за сите студенти.
Средбата со матурантите од Свети Николе е важна за нас како универзитет затоа што токму тоа е местото каде што се корените на нашата институција. Во комуникацијата со учениците, нашиот тим ги истакна предностите и придобивките од активниот студентски живот кој се негува на двата кампуси на МСУ во Свети Николе и Битола. Ние веруваме дека вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција и секој млад човек заслужува шанса да ги достигне своите потенцијали и да придонесе кон општеството со своите таленти и знаења.