Денес, на 1-ви февруари, во Свети Николе на седница со која раководеше претседателот, проф. д-р Васко Стамевски, сенатот избра нов ректор на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. Нашиот нов ректор е проф. д-р Ленче Петреска, со мандат од три години.
За проректор за настава беше избран проф. д-р Иван Ефремовски, а за проректор за меѓународна соработка проф. д-р Кети Несторовска.