После успешно одржаните Денови на психологијата на МСУ во Свети Николе, „Деновите на психологијата” се одржаа и на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и во Битола.
На 13 и 14 декември врвни психолози преку интерактивни предавања и работилници ги споделија нивните знаења со големата публика.
На 13 декември, петок се одржаа следниве предавања:
„Емоционална интелигенција“ – проф. д-р Љупчо Кеверески, Педагошки факултет, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола
„Професијата на наставникот – од конструктивизам до форма на уметност“ – проф. д-р Кирил Барбареев, Факултет за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
„Дијагностика, сиптоматологија, психотерапја кај лица со депресија, анксиозност, фобии и панични напади’ – Кочо Настевски, психолог, психотерапевт
„Системска динамика и нејзиното место во индивидуалните и групните психотераписки приоди“ – проф. д-р Мирослав Пендароски, Факултет за психологија, Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
На 14 декември, сабота, се одржаа следниве предавања:
„Емоционална интелигенција и Гешталт терапија – Емоциите учители или саботери“ – д-р. Марија Котевска – Димовска, гешталт терапевт; Вера Димовска едукатор/гешталт терапевт
„Семејно насилство“ – д-р. Билјана Гагачева, специјалист психијатар и психотерапевт; раководител на одделението за ментално здравје на деца и млади, Битола.
„Препознавање на психолошко насилство во партнерска релација“ – Бојана Стаменковиќ, психолог, семеен советник, практикант на Игровна терапија за деца.