Нашата мисија е да бидеме регионален центар на значајни академски и културни развои, претставувајќи академска средина која нуди висококвалитетно и пристапно образование, во процес на пријатна, чесна и транспарентна средина за студирање која ги обединува идеите од целиот свет. Според тоа, учеството на Меѓународниот Славјански Универзитет во Еразмус+ игра значајна улога во главната стратегија, особено во оние делови поврзани со модернизација и интернационализација, именувани како МСУ 2025. Нашиот универзитет го препознава клучниот придонес на мобилностите на кадрите и студентите кон квалитетот на нашите високообразовни програми преку учеството во многу интернационални проекти. Нашиот универзитет е ориентиран кон исполнување на приоритетите од Европската Образовна Област (European Educational Area).
Меѓународниот Славјански Универзитет е целосно посветен кон имплементација на приоритетите од Еразмус+ програмата, и ние веќе ги инкорпориравме во нашата стратегија 2025. Во подолгата верзија на нашата изјава за мисијата, јасно кажавме дека прифативме оригинален модел на процес на студирање со активно менторство што ги спојува идеите од целиот свет. Нашата Изјава за политиките поврзани со Еразмус+ главно се базира врз овој дел од нашата изјава за мисијата. За да можеме да го поддржиме нашиот оригинален модел на студирање, ние треба да разменување мислења, да работиме на интернационални проекти за истражување и развој, да воспоставуваме партнерства, да организираме мобилности за студентите и персоналот, итн. Како додаотк на ова, се трудиме и да изградиме мост помеѓу културите и знаењето на истокот и западот и тоа со цел да воспоставиме високи академски стандарди.
Со сето ова тука, Сенатот на универзитетот гласаше за следниве цели на нашата стратегија за интернационализација:
- Стимулирање на интернационална соработка преку стратешки партнерства и ангажирање на кадар и студенти во интернационални проекти за истражување, развој и иновации во програмски и партнерски земји.
- Подобрување на нашата интернационална репутација за да се зголеми бројот на интернационални договори со високообразовни институии од ЕУ и подалеку.
- Воведување на нови можности за интернационализација на нашиот универзитет преку Еразмус+ во сите оддели.
- Зголемување на бројот на појдовни и дојдовни мобилности на студенти и кадри од ЕУ и подалеку преку олеснети и подобрени услуги на Канцеларијата за меѓународна соработка и имплементација на дигиталните практики и ЕSC.
- Обезбедување на поволни услови на двата кампуса за зголеување на бројот на интернационални студенти.
- Обезбедување на соодветна висококвалитетна подготовка за сите учесници во мобилности со помош на обучениот кадар во Канцеларијата за меѓународна соработка.
- Поттикнување на нашиот кадар за развивање на нивните јазични вештини со цел зголемување на бројот на студиски програми кои може да се одржат на странски јазици.
- Стимулација на зголемувањето на организирање на интернационални активности и зголемување на бројот на кадар и студенти кои се учесници во интернационални настани како тренинзи, конференции, работилници, симпозиуми, летни школи.
- Израмнување на разликите помеѓу дигиталните и реланите кампуси со употреба на комбинирана мобилност.
- Обезбедување одржливост преку имплементација на иницијативата Еразмус без хартија и додатно охрабрување на појдовните и дојдовни кадри и студенти во своите активности да применуваат практики кои се еколошки пријателски.
- Развивање на заеднички студиски степени со партнерите од програмски и партнерски земји.
- Користење на активностите од Еразмус+ мобилноста како алатка за подготовка на студентите за пазарот на трудот и зголемување на нивните можнсоти за вработување.
- Зголемување на нивото на вклученост на Здружението на студенти и алумни во интернационалните активности на универзитетот и во процесот на регрутирање на нов кадар и студенти за интернационалните активности.
Нашиот универзитет ќе учествува во многу активности вклучени во Клучна акција 1 и Клучна акција 2. Еден од главните елементи на нашата интернационална стратегија е висококвалитетна мобилност и соработка со нашите партнери. Ние сме посветени на соработката со партнерите од цела Европа и подалеку како дел од нашата стратегја за интернационализација.
Според нашето мислење, стратешките партнерства за размена на добри практики и за иновација се соодветни формати за проекти на кои би можеле да работиме со нашите партнери. Стратешките партнерства ќе ни помогнат нам и на нашите студенти во реализацијата на идеите и во напредокот во одбраните области на соработка. Главно ќе се фокусираме кон развивање на ИКТ проекти, особено во полето на инклузија на девојки во ИКТ. Како додаток на ова, ќе работиме на ИоТ проекти за иновација за паметно земјоделство и паметни канцеларии со цел да ги развиеме вештините на нашите кадри и студенти.
Со активностите кои ќе ги имаме, сакаме да ја подобриме нашата интернационална репутација. Сакаме да создадеме имиџ на универзитет што е способен да извршува интернационални проекти како и тоа дека сме соодветене партнер за интернационални проекти во областите на иновација, истражување и развој.
Со вработување на дополнителен персонал во сите оддели што зборуваат два или повеќе странски јазици, и со помагање на нашиот сегашен персонал да ги развие своите јазични вештини преку соодветни Еразмус+ и додатни висококвалитетни тренинзи, ќе се обидеме да обезбедиме мултијазична поддршка за дојдовните, но и за појдовните кадри и студенти. Со соодветна поддршка и подобрување на услугите, постепено ќе го зголемување бројот на дојдовни и појдовни кадри и студенти. Исто така, со зголемување на опсегот на понудени услуги, организирање на интернационални активности и настани и засилување на нашите капацитети како додатни студентски домови, ресторани и кина, сакаме да го зголемиме нашиот капацитет за прием на интернационални студенти.
Со денешната технологија, нашите кампуси не се единственотот место каде што нашите студенти може да учат. Ќе се потрудиме да ги охрабриме и поттикнеме студентите да го користат интернетот за да можат да пристапат на нивната настава онлајн, со тоа ќе создаваме дигитален кампус. Вештините со кои тие ќе се здобијат ќе бидат важни за нивните можности за вклучување во комбинираните мобилни активности.
Со целосно дигитално поврзување и имплементирање на иницијативата Еразмус без хартија, планираме да го обезбедиме и оддржиме нашето учество во програмата. Исто така дополнително ќе обезбедиме еколошки пријателски практики на нашиот вебсајт, така што кадрите и студентите учесници во мобилност, ќе може да добијат инспирација и идеи за тоа како да помогнат на животната средина.
Нашите долгорочни партнерства нè научија дека со комбинирање на нашите искуства се здобиваме со додатна вредност и им помагаме на студентите да развиваат подобри вештини соодветни за интернационалниот пазар на труд. Имаме две програми за двојни дипломи со Тамбовиот Државен Универзитет од Русија – една по економија и една по психологија. Во иднина, би сакале да одиме во насока на развивање на ИКТ, особено студиска програма за заеднички степен поврзана со ИоТ, и исто така заеднички дипломи во областа на безбедност при работа и безбездност на храна.
Ние сме свесни дека интернационалните искуства како активностите поврзани со мобилности ги подобруваат вкупните вештини на студентите. Во текот на активностите тие развиваат вештини кои се важни за нивната иднина како вработени или како претприемачи. Поради тоа сакаме да ги користиме активностите од Еразмус+ мобилностите како алатка за подобро подготвување на студентите за пазарот на трудот, а истовремено да им ги зголемиме можностите да најдат работа. Преку Здружението на студенти и Клубот на алумни ќе се обидеме уште повеќе да ги ангажираме и вклучиме сегашните студнти и алумни. Го охрабруваме учеството на Здружението на студенти во Еразмус+ програмата и тие ќе ни помогнат во процесот на вклучување на студентите во мобилните активности преку „системот на пријател“. Алумните главно ќе бидат ангажаирани во активности за споделување на своите искуства, особено на интернационалните искуства, и исто така ќе ги инволвираме да ги подржат додатните можности за сегашните студенти. На пример, тие може да подржуваат истражувачки активности, да ги поврзат нашите студенти со бизнис секторот или нивните сегашни работодавци и севкупно да ни помогнат да поставиме пример за идните генерации на студенти.
Нашата интернационална стратегија особено внимание посветува на сите сегменти кои го прават самиот универзитет да биде интернационален. Нашите насоки и цели се јасно поставено, и тие ќе бидат рамката во која ќе се движиме во наредните години. Ние сме свесни дека имлементацијата на оваа стратегија бара ангажираност и посветеност на сите оддели и ние работиме кон поставените цели. Интернационализацијата ја гледаме како есенцијален процес за нашиот иден успех и сме подготвени да ги преземеме сите неопходни чекори кон постанување на институција која целосно го прифатила процесот на интернационализација и во текот на тој процес се здобила со корисни работи заедно со својот кадар и студенти.