За Канцеларијата за меѓународни односи

Нашата Канцеларија за меѓународни односи е посветена на унапредување на соработката со нашите партнери од други земји, како и создавање нови партнерства. Секоја година, Канцеларијата за меѓународни односи испраќа околу 30 студенти на размена на студенти во Русија, Бугарија и Србија и секоја година во април е домаќин на студенти од Русија. Канцеларијата пружа поддршка во организацијата на меѓународни конференции, прием на странски посетители на универзитетот, како и запознавање на на гостите од други земји со убавините на нашата земја.

Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ има големо искуство во областа на меѓународните односи и соработува со голем број универзитети. Канцеларијата за меѓународни односи и проректорот за меѓународна соработка ја посветуваат својата работа на унапредување на соработката на универзитетот со наши партнери од други земји, но и на создавање нови партнерства.

Целта на Канцеларијата за меѓународни односи е управување со билатералните договори меѓу универзитетите, испраќање и прием на студенти и професори – корисници на мобилност, поврзување на нашите факултети и студенти со други партнери од странство и вклучување на вработените на универзитетот и придружните единици и студенти во меѓународни проекти.

Information about the International Slavic University G. R. Derzhavin

  • Legal Name in Macedonian: Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ Свети Николе - Битола
    Latin Legal Name: Megjunaroden Slavjanski Univerzitet "Gavrilo Romanovich Derzhavin" Sveti Nikole
    Address: Marshal Tito 77, 2220 Sveti Nikole, Republic of North Macedonia
    PIC: 937193922
    Erasmus Code: MK SKOPJE19
    OID: E10037780
    Erasmus Charter for Higher Education: download here.
    Erasmus coordinators: download here.