Онлајн апликација за номинација

Доколку сакате да студирате на Меѓународниот Славјански Универзитет во рамките на програмата за мобилност на студенти, тогаш потребно е да се извршат следниве активности.


1. Номинација


Првиот чекор е да ја контактирате Канцеларијата за меѓународни односи на Вашиот универзитет и да аплицирате за мобилност во согласност со нивниот внатрешен правилник.

Штом ќе бидете избрани како студент за мобилност, Вашата Канцеларија за меѓународни односи треба да Ве номинира како студент на Еразмус+. Вашата номинациjа може да ја пратите на erasmus.incoming@msu.edu.mk.

Во меѓувреме можете да ја потполнете апликацијата која е објавена на оваа страница.


2. Аплицирање


Како следен чекор, во консултација со Вашата Канцеларија за меѓународни односи, треба да изберете која студиска насока сакате да ја посетите на нашиот универзитет. Треба да проверите дали предметите од нашата студиска програма се слични, односно компатибилни со оние на вашиот универзитет.

Пред да ги изберете предметите што сакате да ги следите, прво проверете го каталогот со студиски насоки и консултирајте се со Канцеларијата за меѓународни односи за потврда.


3. Рокови


  • 15  јуни за зимскиот семестар или за цела академска година (почеток на октомври до средина на февруари)
  • 31 декември за летен семестар (средина на февруари до јуни)

Апликација за номинација


Student Application form for mobility

General Information

Details about the study program

(for example, second, third...)

(for example, 2022/2023, 2023/2024...)

CAPTCHA image