За време на мобилноста


Во текот на периодот на вашата мобилност:


  1. Би требале во целост да ги искористите можностите за учење кои се достапни во институцијата/компанијата домаќин, почитувајќи ги нејзините правила и регулативи, и да дадете се од себе во сите релевантни тестови или други форми на оценување.
  2. Вашата институција/компанија домаќин целосно се посветува да ве третира на ист начин како нејзините домашни студенти/вработени и вие треба да се потрудите за да се вклопите во вашата нова средина.
  3. Ако се достапни мрежите на ментори и пријатели во институцијата/компанија домаќин, тие можат многу да ви помогнат.
  4. Институцијата домаќин нема од вас да побара плаќање на школарина, регистрација, испити или за пристап до лабораторија или библиотека во текот на вашата мобилност. Сепак, можеби ќе ви биде наплатена мала сума врз иста основа како на локалните студенти за трошоци за осигурување, студентски сојузи и употреба на наставни материјали или опрема.
  5. Вашиот студентски грант или заем од вашата матична земја мора да биде одржуван додека сте во странство.
  6. Можете да побарате промени во Договорот за учење само во исклучителни околности и во рамките на крајните рокови договорен помеѓу вашата институција испраќач и домаќин. Мора да се осигурате дека овие промени се одобрени и од институциите приматели и домаќини во рамките од две недели по поднесување на барањето и да се чуваат копии за нивното прифаќање. Секое барање за продолжување на периодот на мобилноста мора да биде поднесено најмалку еден месец пред крајот на оригинално планираниот период.

Доколку се соочите со проблем:


  • Треба јасно да го идентификувате проблемот и да ги проверите вашите права и обврски во рамките на Договорот за грант.
  • Постојат многу лица вработени во вашите институции испраќачи и домаќини чија улога е да им помагаат на Еразмус+ студентите. Во зависност од природата на проблемот и времето во кое тој се појавува, лицето за контакт во вашата институција домаќин или испраќач (или компанијата домаќин во случај на пракса) ќе бидат во состојба да ви помогнат. Нивните имиња и контакт детали се наведени во вашиот Договор за учење.
  • Доколку е потребно, употребете ги и формалните процедури за жалба/приговор во вашата институција.
  • Доколку вашата институција испраќач или домаќин не ги исполни обврските наведени во Еразмус Повелбата за Високо образование во вашиот Договор за грант, можете да ја контактирате релевантната Национална агенција.