За време на мобилноста


Права и обврски на појдовниот кадар


Корисникот на мобилност се обврзува:

  • да го почитува Договор за настава, односно договорот за стручно усовршување;
  • да ги завршува совесно активностите наведени во договорот за времетраењето на престојот во странство;
  • да ги почитува правилата и прописите на партнер институцијата, вообичаените работни часови, начинот на однесување и правилата за доверливост;
  • да го известува Еразмус+ координаторот на МСУ за секој проблем или промена во врска со мобилноста.

Средствата за поддршка на мобилност, корисникот на мобилност ги користи за покривање на патни трошоци, трошоци за живот и трошоци за подобрување на јазичните способности настанати за време на планираниот период на мобилност во странство.


Поврат на средствата од грантот


Доколку корисникот на мобилност не ги почитува обврските кои произлегуваат од склучените договори и има направено големи отстапки, истион ќе има обврски целосно или делумно да ги врати средствата од грантот.

Доколку корисникот на мобилност се откаже од мобилноста пред истекот на рокот или пред почетокот на мобилноста, има обврска да ја врати целата сума од грантот која МСУ ја исплатил на неговата сметка.

Во случај на не исполнување на договорот поради више сила, се постапува согласно насоките од Националната Агенција во договор со корисникот на мобилност.