Студентски грантови


Поддршка преку грант за мобилност на студенти


Студентите може да добијат грант од ЕУ како придонес за нивните патни и дневни трошоци во текот на периодот на студирање или стажирање во странство. Овие износи ќе ги дефинира Националната агенција во согласност со националните власти и/или високообразовните институции врз основа на објективни и транспарентни критериуми како што е опишано подолу. Точните износи ќе се објават на веб-страниците на националните агенции и на високообразовните институции.

Програмските држави се поделени во следниве три групи:

Група 1
Програмски држави со повисоки трошоци за живот

Данска, Финска, Исланд, Ирска, Луксембург, Шведска, Обединетото Кралство, Лихтенштајн, Норвешка

Група 2

Програмски држави со
средни трошоци за живот

Австрија, Белгија, Германија, Франција, Италија, Грција, Шпанија, Кипар, Холандија, Малта, Португалија

Група 3
Програмски држави со пониски трошоци за живот

Бугарија, Хрватска, Чешка, Естонија, Латвија, Литванија, Унгарија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Северна Македонија, Турција


Мобилност во програмски држави – Критериум 1 – Испраќачки и примачки држави на студентот


ЕУ грантот што им се дава на студентите, ќе зависи од нивните мобилни текови, како на пример:

  • Мобилност во земја со слични трошоци на живот: студентите ќе добијат среден грант од ЕУ;
  • Мобилност во земја со повисоки трошоци на живот: студентите ќе добијат поголем грант од ЕУ;
  • Мобилност во земја со пониски трошоци на живот: студентите ќе добијат помал грант од ЕУ.

Износите дефинирани од националните агенции ќе се утврдат во рамките на следниов минимален и максимален опсег:

  • Среден опсег на грант од ЕУ: среден опсег, помеѓу 220 и 470 EUR месечно, ќе се применува на мобилности во држави со слични трошоци за живот: a) од Група 1 во Група 1, б) од Група 2 во Група 2 и в) од Група 3 во Група 3.
  • Поголем опсег на грантот од ЕУ: соодветствува со средната вредност што ја применува Националната агенција плус најмалку 50 EUR и помеѓу 270 и 520 EUR месечно. Се однесува на мобилности во држава со повисоки трошоци за живот: a) држави од Група 2 во Група 1 и б) држави од Група 3 во Група 1 и 2.
  • Помал опсег на грант од ЕУ: соодветствува со средната вредност што ја применува Националната агенција минус најмалку 50 EUR и помеѓу 170 и 420 EUR месечно. Се однесува на мобиности во држава со пониски трошоци за живот: a) држави од Група 1 во Група 2 и 3 и б) од Група 2 во Група 3.

При дефинирањето на износите што ќе ги применуваат корисниците во нивните држави, Националните агенции ќе водат сметка за два посебни критериуми:

  • Расположливоста и нивото на други извори на кофинансирање од приватните или јавните тела на локално, регонално или на национално ниво комплементарно со грантот на ЕУ;
  • Општото ниво на побарувачка од страна на студентите кои имаат намера да студираат или да се обучуваат во странство.

Националните агенции може да решат да им понудат флексибилност на нивните високообразовани институции со тоа што ќе го фиксираат опсегот на национално ниво наместо износи. Ова треба да се базира врз оправдани причини, на пример, во државите каде што има кофинансирање на регионално или на институционално ниво.


Мобилност во рамките на програмските држави – Критериум 2 – Дополнителна поддршка за посебни целни групи, активности и држави/региони-испраќачи


Студенти од непривилегирани околности (што не подразбира посебни потреби)
Националните власти заедно со Националните агенции одговорни за имплементација на Еразмус+ во дадена програмска држава може да одлучат (врз основа на приклучување/исклучување, во зависност од поддршка што веќе се обезбедува на национално ниво) дека сите високообразовни институции во нивната држава треба да ја дополнат поединечната поддршка од нивниот грант од ЕУ за студенти кои доаѓаат од непривилегирани околности (вклучувајќи бегалци, баратели на азил и имигранти), со еднократен износ меѓу 100 и 200 EUR месечно. Точниот еднократен месечен износ и критериумите што ќе се применуваат се дефинираат на национално ниво од страна на националната власт.


Студенти на стажирање

Студенти кои се на стажирање ќе добиваат дополнителни средства од грантот на ЕУ во износ меѓу 100 и 200 EUR месечно. Точниот износ ќе го одредуваат Националните агенции и/или високообразовните институции според нивото на побарувачка и нивото на кофинансирање на ваквиот вид на мобилност. Во сите случаи, истото ниво треба да им се доделува на сите студенти во рамките на иста високообразовна институција, независно од која било дополнителна сума и/или придонес во натура што студентот може да го прима од претпријатието-домаќин. Студентите од непривилегирани околности кои учествуваат во стажирања имаат право да добијат дополнително средства како за студенти од непривилегирани околности наместо дополнување за стажирање ако дополнувањето за стажирање е помало.


Студенти од најоддалечени програмски држави и региони и од OCTs

Со оглед на ограничувањата наметнати поради оддалеченоста од други програмски држави, студентите од најоддалечените региони, Кипар, Исланд, Малта и прекуморските држави и територии (OCTs) ќе ги добиваат следниве повисоки износи за поединечна поддршка:

Од

До

Изноц

 

Најоддалечените региони, Кипар, Исланд и Малта, прекуморски држави и територии

Држави од Група 1

770 EUR месечно

Држави од Група 2

720 EUR месечно

Држави од Група 3

670 EUR месечно

Покрај погореспоменатите износи за поединечна поддршка, студентите од овие држави ќе ги добијат следните дополнителни износи како поддршка за покривање на патните трошоци:

Растојанија за патувања

Износ

Меѓу 10 и 99 KM:

20 EUR по учесник

Меѓу 100 и 499 KM:

180 EUR по учесник

Меѓу 500 и 1999 KM:

275 EUR по учесник

Меѓу 2000 и 2999 KM:

360 EUR по учесник

Меѓу 3000 и 3999 KM:

530 EUR по учесник

Меѓу 4000 и 7999 KM:

820 EUR по учесник

8000 KM или повеќе:

1500 EUR по учесник

Дополнителните средства за стажирање или за непривилегирани околности не би се применувале во овој случај.


Ниво на финансиска поддршка дефинирано од високообразовните институции


Во сите случаи, од високообразовните институции ќе се очекува да ги почитуваат следниве принципи и критериуми при дефинирањето и/или при применувањето на ЕУ-стапките во институциите:

  • Откако ќе се дефинираат стапките од страна на институциите, тие ќе останат исти во текот на целиот проект за мобилност. Не е можно да се намали или зголеми нивото на грантови во рамките на истиот проект.
  • Стапките мора да бидат дефинирани и/или применети на еден објективен и транспарентен начин, водејќи сметка за сите принципи и методологијата опишана погоре (т.е. за текот на мобилностите како и дополнителното посебно финансирање);
  • Истото ниво на грант мора да се даде на сите студенти кои одат во иста група на држави за ист вид на мобилност – студии или стажирања (освен за студентите од непривилегирани околности или со посебни потреби).

Мобилност меѓу програмски и партнерски држави

Износите за поединечни поддршки се наведени подолу:

Од

До

Износ

Партнерски држави со право на учество

Група 1 програмски држави

900 EUR месечно

Група 2 програмски држави

850 EUR месечно

Група 3 програмски држави

800 EUR месечно

Програмски држави

Партнерски држави

700 EUR месечно

Исто така, студентите кои одат во/доаѓаат од партнерски држави ќе ги добијат следните дополнителни износи како поддршка за покривање на патните трошоци:

Растојанија за патувања

Износ

   Меѓу 10 и 99 КМ: 20 EUR по учесник

Меѓу 100 и 499 KM:

180 EUR по учесник

Меѓу 500 и 1999 KM:

275 EUR по учесник

Меѓу 2000 и 2999 KM:

360 EUR по учесник

Меѓу 3000 и 3999 KM:

530 EUR по учесник

Меѓу 4000 и 7999 KM:

820 EUR по учесник

8000 KM или повеќе:

1520 EUR по учесник