На Еразмус+ корисниците вообичаено не им е потребна виза (но, се зависи од земјата од која доаѓаат) доколку нивниот престој е до 90 дена. За да проверите дали е потребна виза, Ве молиме посетете ја веб страницата на Министерството за надворешни работи.

Ако престојот е подолг од 90 дена, тогаш Еразмус+ корисниците треба да аплицираат за виза пред да влезат на територијата на Република Северна Македонија.

Дополнително, пред да влезете на територијата на Република Северна Македонија, Ве молиме проверете дали Ви е потребен PCR тест.