Мобилност на наставен кадар


Програмата Еразмус нуди за наставниот персонал кој е ангажиран во високообразовна институција носител на Еразмус Универзитетска Повелба можност за наставен ангажман во Еразмус партнерска институција која е исто така носител на Еразмус Универзитетска Повелба.

Акцијата цели:

  • да овозможи на студентите кои не се дел од програми за мобилност да искусат како е да се учи во меѓународна средина,
  • да поддржи размена на знаења и искуства од аспект на аплицираните методологии при наставниот процес,
  • да ги поддржи високообразовните институции да ги прошират и збогатат содржините на наставниот процес и курсевите кои ги нудат.

Високообразовната институција сите критериуми за избор треба транспарентно да ги наведе во повикот а истиот, заедно со евентуалните пропратни документи, треба да бидат достапни до сите лица на високообразовната институција.

Изборот на лицата кои би партиципирале во овој вид на мобилност се врши во склоп на високообразовната институција. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на ниеден начин не е вклучена во процесот на избор.


Важни информации


  • времетраењeто на мобилноста може да биде од 2 дена до 2 месеци;
  • за време на мобилноста на наставен кадар се очекува корисникот на мобилност да одржи минимум од 8 часови неделно реално време поминато во предавања. За пократок престој од една недела 8 часови е минимум на реално време поминато во предавања. По исклучок, доколку се комбинираат наставни активности со професионално усовршување, минимумот на реално време поминато во предавања е 4 часа на една недела (и во случаи на престој пократок од една недела).

Информациите се преземени од Еразмус+ водичот од 2022 година.