За време на мобилноста
Тимот на Канцеларијата за меѓународни односи е должен да пружи техничка поддршка на дојдовните студенти поврзана со вклучување во наставниот процес и на барање на студентите, да асистира за време на предавањата.
Канцеларијата за меѓународни односи обезбедува професионална, административна, логистичка, техничка и јазична поддршка на дојдовните студенти – корисници на мобилност.
Доколку дојдовните студенти се соочат со измама во врска со сместувањето или се дискриминирани по кој било основ, Канцеларијата за меѓународни ќе понуди поддршка на дојдовните студенти во надминување на новонастанатите проблеми.
Дојдовните студенти имаат еднаков академски третман (права и обврски во врска со наставниот процес, испитните сесии, оценување, поднесување жалба) и пристап до сите услуги како и локалните студенти. Овие права и обврски се презентираат во првата недела од доаѓањето на дојдовниот студент. Дополнително, вработените од Канцеларијата за меѓународни односи се достапни за сите прашања од дојдовните студенти пред, за време на, и после мобилноста.
Канцеларијата за меѓународни односи треба да обезбеди интеграција на дојдовните студенти во пошироката студентска заедница со назначувањето на академски ментор и студент-ментор, како и со вклучување во активностите на МСУ.