Периодот пред мобилноста


Го одбравте Меѓународен Славјански Универзитет за студирање во рамките на Еразмус+ програмата? Донесовте права одлука! Ова се активностите кои Канцеларијата за меѓународни односи ќе ги реализира пред вашето пристигнување.

Номинираните студенти аплицираат преку електронска апликација во предвидениот рок. Високообразовните институции чии студенти ќе аплицираат преку електронската апликација треба да достават потврда за номинацијата на студентот. За да биде прифатлива, во потврдата треба да бидат наведени податоци за дојдовниот студент, потпис од одговорното лице и печат од институцијата.

Вашата високообразовните институции доставува предлог Договорот за учење. Достапноста на предметите од предложениот договор ја потврдува деканот на единицата на МСУ. Доколку Договорот за учење се прифаќа, се потпишува од страна на Еразмус+ координаторот и преку Канцеларијата за меѓународни односи се испраќа до институцијата партнер.

Доколку деканот се произнесе дека определен предмет е недостапен, се враќа одговор до институцијата партнер заедно со препораки за ново избирање на предмети.

По склучувањето на Договорот за учење Еразмус+ координаторот стапува во контакт со Вас, како дојдовен студент и Ви испраќа информации и препораки за вашиот престој.



Канцеларијата за меѓународни односи може да закажи состанок преку платформата ZOOM со дојдовниот состанок со цел да ги запознае нашите вработени кои ќе го асистираат за време на неговата мобилност.

На дојдовниот студент му се испраќа пакет со информации за универзитетот на англиски јазик кој е достапен и на веб страницата.

Тимот на КМО има должност да ги презентира условите за достапно сместување на дојдовните студенти, вклучувајќи ја цената, контакт информации од местото за сместување, обврски, итн. Овие услови се презентираат пред почетокот на мобилноста.

Исто така, Канцеларијата за меѓународни односи е должна да овозможи поддршка при обезбедување на осигурителна полиса, доколку дојдовниот студент побара помош.

Тимот на КМО е должен да им ги посочи на дојдовните студенти потенцијалните ризици за време на периодот на мобилност, да им даде насоки за превенција, но и насоки за активности кои треба да се преземат во итни случаеви, исто така треба да им го презентира Протоколот за безбедна мобилност на сите дојдовни студенти.

За подобра социјална интеграција, тимот на КМО по потреба на дојдовниот студент може да му обезбеди почетнички јазичен курс по македонски јазик. Исто така, Канцеларијата за меѓународни односи може да им препорачува на дојдовните студенти да користат јазичен курс на OLS платформата.