Мобилност на студенти


Еразмус како европска програма за соработка во полето на високото образование нуди можност студентите да поминат дел од нивните студии или практична работа во некоја од земјите кои учествуваат во Програмата (мобилност од Р. Северна Македонија може да се оствари исклучиво кон некоја од земјите членки на Европската Унија). Оваа можност е отворена само за студенти чиј универзитет учествува во Програмата Еразмус т.е. е носител на Еразмус Универзитетска Повелба.

Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ е носител на Еразмус+ Универзитетска Повелба од 2019 година.


Цели на студентската мобилност за студирање


  • да ги подобри знаењата на студентот како и неговите лингвистички и културолошки познавања преку студирање во странство,
  • да поттикне соработка помеѓу високообразовните институции и да ја збогати наставната средина,
  • да придонесе кон развојот на млади индивидуи кои биле висококвалификувани идни професионалци со меѓународни познавањa и искуство, да го фасилитира процесот на трансфер на кредити и признавање на другите квалификации стекнати за време на престојот во странство користејќи ЕКТС или друг компатибилен систем.

Целите на студентската мобилност за стажирање е да се помине студиски период во компанија или слична организација во некоја од земјите членки на ЕУ со цел лицето да се адаптира на потребите на новиот Европски пазар на труд, да се здобие со вештини и да ги подобри разбирањата за економската и социјалната култура на земјата каде престојува.


Критериуми за учество и избор


Основен критериум е студентот треба да биде минумум втора година (трет семестар) и да биде редовен студент. Критериумите, начинот на бодување и селекција на кандидатите се достапни на следнава страница.

Високообразовната институција носител на Еразмус Универзитетска Повелба може да ги менува критериумите. Сите критериуми се транспарентно да бидат наведени во повикот кој се објавува двапати годишно на веб страницата на МСУ и е достапен на сите студенти на МСУ. Дополнителните критериуми за избор ги одредува МСУ и најчесто се засновани на академски заслуги, мотивација, соодветно познавање на странски јазик, итн.

Изборот на лицата корисници на мобилност се врши во склоп на високообразовната институција.


Важни информации


  • Времетраењето на Еразмус студентската мобилност за студирање е од 3 до 12 месеци.
  • Студентот да е запишан на високообразовна институција од Р. Македонија носител на Еразмус Универзитетска Повелба.
  • Пред заминувањето студентот потпишува договор со неговата високообразовна институција. Овој договор го вклучува договорот за учење кој ги дефинира предметите кои студентот ќе ги полага и бројот на кредити според ЕКТС кои тие предмети ги носат. Периодот на мобилност мора да е препознаен и признат од домашната институција, во согласност со договорот за учење.
  • Студентите добиваат предфинансирање од Еразмус грантот пред заминувањето (помалку од 100% од вкупниот грант, најчесто 80%). Матичните институции мора да им обезбедат на студентите кои заминуваат во странство копија од Еразмус Универзитетската Повелба, која ги дефинира основните права и обврски на студентите кои учествуваат во Еразмус.
  • По враќањето на нивните матични универзитети, студентите треба да достават транскрипт (препис) на оценки од Универзитетот кој им бил домаќин, како и извештај. Тогаш го добиваат остатокот од Еразмус грантот.
  • Студентот не треба да плаќа школарина за неговиот престој во Високообразовната институција во странство. Исто така Еразмус студентот не плаќа за користење на библиотека, лабораторија и слични расходи поврзани со неговиот Еразмус престој.
  • Студентот ја задржува евентуалната стипендија која ја има добиено и покрај средствата кои ги добива од Еразмус програмата.

Дел од информациите се директно преземени од страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.