Периодот пред твојата мобилност
Нашата работа е да обезбедиме процедурите за избор на активности за мобилност да бидат фер, транспарентни, кохерентни и документирани. Треба да се осигураме дека учесниците во појдовни мобилности се добро подготвени за своите активности во странство, преку преземање активности за постигнување на потребното ниво на јазична владеење и развивање на нивните интеркултурни компетенции.
Нашата Канцеларија за меѓународни односи, доколку е потребно, ќе обезбеди помош во врска со добивање визи и осигурување, и ние ќе се погрижиме избраните студенти да се запознаат со нивните права и обврски, како што е дефинирано во Повелбата за студенти на Еразмус.
Во согласност со Повелбата за студенти, тие активности ќе се одвиваат вака:
- Веднаш штом ќе бидете избрани за Еразмус+ студент, добивате советување во врска со партнерските организации или компании каде што ќе го поминете периодот на мобилност и активностите кои ќе можете таму да ги извршите.
- Имате право да добиете информации за системот на оценување во институцијата домаќин, како и информации за тоа како да се обезбеди осигурување, да се најде сместување, и да се обезбеди виза (ако е потребно). Можете да ги најдете релевантните контакти и извори на информации во интер-институционалниот договор потпишан помеѓу вашата институција испраќач и институцијата домаќин.
- Ќе треба да потпишете Договор за грант (дури и ако не добиете финансиска поддршка од ЕУ фондовите). Ако сте вклучени во високообразовна институција лоцирана во програмска земја, ќе потпишете Договор за грант со вашата организација испраќач. Ако сте вклучени во високообразовна институција лоцирана во партнерска земја, би можеле да го потпишете со вашата институција домаќин или испраќач, во зависност од претходните договори.
- Дополнително, ќе потпишете Договор за учење со вашата институција/компанија испраќач и домаќин. Деталната подготовка на Договорот за учење е најважна за успешноста на вашата мобилност и за признавање на вашиот период на мобилноста. Тој прецизира детали за вашите планирани активности во странство (вклучително и кредитите кои треба да ги стекнете и кои ќе се пресметуваат во рамките на вашето студирање во матичната институција).
- Откако ќе бидете избрани, ќе учествувате во проценка на јазичните вештини преку интернет (доколку е тоа овозможено на главниот јазик на вашата настава/работа во странство) која ќе и овозможи на вашата институција испраќач да ви овозможи најсоодветна јазична поддршка, доколку е потребно. Би требало во целост да ја искористите оваа поддршка за подобрување на вашите јазични вештини до нивото препорачано од вашата организација домаќин.