Како се организирани семестрите на МСУ?


Семестарот е дел од академската година кога се одржува наставата. Студиската година започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри, зимски и летен.

  • зимскиот семестар започнува на 1 октомври и трае до 14 февруари наредната година, а
  • летниот започнува на 15 февруари и завршува на 30 јуни.

Зимскиот семестар започнува на 1 октомври, а завршува на 14 февруари наредната година, а наставата трае од 1 октомври до 15 јануари наредната година. Тој трае 18 седмици (12 седмици настава + 2 колоквиумски седмици + 4 седмици (подготвителни и испитни).

Летниот семестар започнува на 15 февруари и завршува на 30 септември, а наставата трае од 15 февруари до 31 мај. Тој трае 21 седмица (12 седмици настава + 2 колоквиумски седмици + 2 х 3 седмици испитни рокови во јуни и септември).

Важно е на почетокот на годината да го проверите распоредот на предавањата на Е-индекс и на Е-учење. Проверете во кои денови имате предавања и посетувајте ги редовно. Следете ги инструкциите на Вашиот предметен професор, работете на проектни активности, подгответе ја Вашата семинарска работа.

Материјалите за предметите можете да ги најдете во книжарницата, да ги преземете бесплатно од Е-учење или да ги позајмите од библиотеката на МСУ.

Следете ги термините за колоквиум и подгответе се добро. Побарајте помош од предметниот професор или асистент доколку Ви е потребно.


Распоред на активностите


Студентите од секоја насока вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат. Предавањата се одржуваат по следната шема:

Прв семестар – зимски
шест седмици предавања (почеток на октомври до средина на ноември)
една подготвителна седмица за колоквиум
една колоквиумска седмица (средина до крај на ноември)
шест седмици предавања (средина на ноември до крај на декември)
една подготвителна седмица за колоквиум
една колоквиумска недела (крај на декември/почеток на јануари)

Втор семестар – летен
шест седмици предавања (средина на февруари до средина на март)
една подготвителна седмица за колоквиум
една колоквиумска седмица (крај на март)
шест седмици предавања (почеток на април до средина на мај)
една подготвителна седмица за колоквиум
една колоквиумска седмица (крај на мај)


Предавања


Наставата се изведува во Битола и Свети Николе, односно секој студент ја следи онаму каде се има запишано. Распоредот на предавањата е прилагоден и за студентите кои патуваат, па така нашите студенти имаат предавања 2 до 3 дена во една седмица.

Точниот распоред на предавањата се објавува една седмица пред почетокот на предавањата и ќе биде достапен за сите студенти на сервисот Е-индекс. Во меѓувреме можете да го разгледате Академскиот календар, каде се дадени општите термини за одржување предавања и испитни сесии.


Полагање колоквиуми


Колоквиумите се тестови на знаење кои се спроведуваат два пати во текот на еден семестар:

  • прв колоквиум – на средината од семестарот, односно после изминати 6 седмици предавања
  • втор колоквиум – на крајот од семестарот, односно после изминати 6 нови седмици предавања

За да се полага вториот колоквиум задолжително е да биде положен првиот. Студентите кои не положиле еден, односно два од колоквиумите полагаат испит во испитните сесии.

Со полагање на двата колоквиуми студентите не се обврзани да полагаат писмен испит.

Термините за колоквиумите се објавуваат во Е-индекс.


Полагање испити


Во текот на една академска година има 6 испитни рокови (сесии) од кои три се редовни, а три вонредни.

Редовни:

  • јануарски;
  • јунски и
  • септемвриски,

Вонредни испитни рокови:

  • априлски;
  • октомвриски и
  • ноемвриски.

Првата редовна испитна сесија е во јануари и се полагаат испитите по предметите слушани во првиот семестар. Доколку студентот не ги положи сите испити во јануари, истите може да се полагаат во Априлската (вонредна) сесија. За полагање во вонредна сесија не се плаќаат казни.

Втората редовна испитна сесија се одржува во јуни и се полагаат испитите од вториот семестар. Доколку студентот не ги положи испитите во јуни, може да ги полага во Септемвриската сесија – исто така без плаќање на казни, освен ако студентот нема исполнето услов за упис во наредна година. Дополнителни вонредни сесии се октомвриската и ноемвриската.

Во сите сесии можат да се полагаат испити од парните и непарните семестри.

Пред сесијата, без разлика дали студентот претходно ги има положено двата колоквиуми, испитите треба да се пријават електронски (преку Е-индекс). Резултатите од испитите ќе пристигнат на корисничката сметка на студентот веднаш штом професорот ги објави.


Пријавување на испити


Пред да се одржи испитната сесија, без оглед дали студентите ги положиле двата колоквиуми, студентите треба да се пријават онлајн за завршните испити што сакаат да ги полагаат. Резултатите од испитите ќе бидат објавени на платформата за е-учење веднаш откако професорот ќе ги објави. Истите резултати ќе бидат објавени во електронската книга на студентите – платформата е-индекс.

Пријавувањето за испити е бесплатно за студентите од Еразмус + за мобилност.


Формирање на оценка


Дојдовните студенти преку Еразмус+ се сметаат за редовни студенти. Редовните студенти се должни да присуствуваат на редовни часови (предавања) по сите предмети и тие имаат можност да полагаат преку два колоквиуми.

Формирањето на конечна оценка за кој било предмет се добива со вкупниот број на поени освоени на колоквиумите, поени за посетување на настава, поени од дополнителни активности, семинарски работи, итн. Процесот на оценување се заснова на добиените поени во текот на целиот семестар. Следната пресметка се однесува на сите факултети, освен на Факултетот за правни науки. Сепак, пресметката може да варира од факултет до факултет и најдобро е да го проверите каталогот на факултетот или да се консултирате со професорот.

+ прв колоквиум (до 35 поени)
+ втор колоквиум (до 35 поени)
+ проектна задача (до 10 поени)
+ редовност и активност на предавања (до 20 поени)
__________________________________

Максимум поени = 100

Скалата за оценување е дадена подолу:
Оценка 6: 51-60 поени
Оценка 7: 61-70 поени
Оценка 8: 71-80 поени
Оценка 9: 81-90 поени
Оценка 10: 91-100 поени


За Факултетот за правни науки се употребува следнава пресметка:

+ прв колоквиум (40 поени)
+ втор колоквиум (40 поени)
+ проектна задача(10 поени)
+ додатни активности (10 поени)
__________________________________
Максимум поени= 100

Скалата за оценување е дадена подолу:
Оценка 6: 51-60 поени
Оценка 7: 61-70 поени
Оценка 8: 71-80 поени
Оценка 9: 81-90 поени
Оценка 10: 91-100 поени


Дали имате прашање?


This is how we are going to contact you, so please make sure you write down the correct e-mail address!

If you'd prefer to be contacted by phone, please enter your number. If not, leave empty.

Please take into consideration that sometimes it might take up to 48 hours (or more) to respond.

Please wait...