Канцеларија за меѓународни односи и Еразмус + програмата


Во духот на интернационализацијата, главната улога во процесот на давање видливост на програмата Еразмус за нашиот Универзитет е доделена на службениците за меѓународни односи, кои постојано даваат публицитет на програмата. Целата активност се организира со ставање на Еразмус+ Повелбата и Изјавата за политиките поврзани со Еразмус+ на веб-страницата на Универзитетот (www.msu.edu.mk) и нудење административна помош за единиците и одделенијата на Универзитетот во однос на академската мобилност, мултилатералните договори, проекти и мрежи.

Канцеларијата за меѓународни односи, по оваа примарна активност, ќе организира внатрешни работилници и презентации со цел да ги направи потранспарентни процесите на мобилност за сите заинтересирани страни. Сите активности поврзани со Еразмус програмата ќе бидат објавувани како специјални написи во Новостите на веб страницата на Универзитетот. Канцеларијата за меѓународни односи ги нуди своите капацитети за организирање на информативни состаноци со студентите и вработените кои би оделе на мобилност, а за оние кои ќе дојдат во нашата институција, на англиски јазик има печатени материјали, а исто така и на веб-страницата која се користи за запознавање со студиските програми.

Европскиот кредит трансфер систем е координиран на сите составни единици (факултети) на Универзитетот. За време на престојот, сите дојдовни студенти, покрај корисни информации поставени на веб-страницата на Универзитетот, се покануваат да контактираат со Канцеларијата за меѓународни односи за сите прашања поврзани со сместување, јавен транспорт или трошоци за храна.



Раководителот на Канцеларијата за меѓународни односи е главниот координатор на Еразмус + програмата, кој работи заедно со Еразмус+ асистенти и со 5 волонтери во согласност со Канцеларијата за меѓународни односи. Тие лица се одговорни за контакт со дојдовни и појдовни учесници, но исто така ја имаа и одговорноста за подготовка на документацијата. Раководителот на Канцеларијата за меѓународни односи воедно и Еразмус + координатор има одговорност да ги координира Еразмус + координаторите на секој факултет избрани од редот на професорите.

Персоналот кој работи во Канцеларијата за меѓународни односи заедно со координаторот на Еразмус + ќе обезбеди еднаков третман и услуги за домашните студенти и вработените и дојдовните учесници на мобилност. Тие ќе бидат интегрирани во секојдневниот живот на институцијата.

Еразмус + координаторите од институциите што испраќаат и примаат ќе обезбедат помош при обезбедување на визи за дојдовни и појдовни учесници на мобилност, ќе обезбедат осигурување и ќе ги информираат учесниците на мобилност во случаите кога осигурувањето не е автоматски обезбедено според барањата на Европската комисија. Институцијата примател ќе ги води дојдовните учесници на мобилност во наоѓање сместување во согласност со барањата на Европската комисија.

Информации и помош можат да бидат пронајдени на следните електронски адреси наменети за секој вид на информации поврзани со мобилност на некој странски универзитет: international@msu.edu.mk и erasmus@msu.edu.mk.