Еразмус Универзитетската Повелба обезбедува општа рамка или предуслов за европска соработка во рамките на Еразмус активности во областа на високото образование. Само носители на Еразмус Универзитетската Повелба можат да учествуваат во Еразмус.

МСУ е носител на Еразмус Универзитетска повелба до 2027 година, а истата можете да ја преземете овде.



Право на Еразмус Универзитетска Повелба имаат инстутиции кои се акредитирани од страна на матичната држава за спроведување на високото образование програми (општи и/или професионални). Овие институции можат да аплицираат за Еразмус Универзитетска Повелба која ги утврдува основните принципи и минималните барања за учество во Еразмус активности. Овие принципи и барања треба да се почитуваат и спроведуваат од страна на сите институции носители на Повелбата.

За Универзитетите да учествуваат во програмата Еразмус, тие мора да исполнат неколку критериуми, и тоа:

  • Да работат во согласност со ЕКТС (Европски Кредит Трансфер Систем);
  • Да препознаваат студиски престој во друга земја (на институција со која имаат склучено меѓу-институционален договор);
  • Да обезбедат советување пред заминување на студентите и персоналот на студиски престој во друга држава;
  • Да назначат и да обучат Еразмус координатори.