Мисија


Мисијата на Канцеларијата за меѓународни односи е да обезбеди меѓународна мобилност на студентите и персоналот и меѓународна соработка преку создавање поволни услови за понатамошен развој на постојните партнерства на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и преку обезбедување услови за нови партнерства додека истовремено се засилува и подобрува имиџот на универзитетот на меѓународно ниво.


Визија


Ние имаме визија нашиот универзитет да создаде голем број на партнерства и голем процент на активности низ целиот свет преку мобилноста на студентите и вработените, што ќе ја поддржи визијата на нашиот универзитет – да стане крстопат каде знаењата на Истокот и Западот ќе бидат обединети и споделени со цел да се воспостават универзални академски стандарди.



Стратегија


Канцеларијата за меѓународни односи е посветена на постигнување на целите на интернационалната стратегија на универзитетот:

  • Стимулирање на интернационалната соработка преку стратешки партнерства и вклучување на персоналот и студентите во интернационални истражувања, развој и проекти за иновација со програмски и партнерски земји.
  • Подобрување на нашата интернационална репутација со цел да се зголеми бројот на интернационални договори со високообразовни институции од Европската Унија, но и подалеку.
  • Воведување на новите можности за интернационализација на нашиот универзитет преку Еразмус+ во сите оддели.
  • Зголемување на бројот на дојдовни и појдовни студенти и персонал во активности поврзани со мобилност од ЕУ и подалеку преку олеснети и подобрени услуги на Канцеларијата за меѓународни односи и имплементација на дигиталните практики и ЕSC.
  • Обезбедување на поволни услови на двата кампуса со цел зголемување на бројот на интернационални студенти.
  • Обезбедување на соодветна и висококвалитетна подготовка за сите учесници во мобилности од страна на обучен персонал од Канцеларијата за меѓународни односи.
  • Охрабрување на нашиот персонал за развивање на јазичните вештини со цел да се зголеми бројот на студиски програми кои може да се оддржат на странски јазици.
  • Стимулација на зголемување на организацијата на интернационални активности и стимулирање на зголемување на бројот на студнети и персонал кои што учествуваат во интернационални настани како тренинзи, конференции, работилници, симпозиуми, летни школи.
  • Намалување на разликите помеѓу реалните и дигиталните кампуси со користење на комбинирана мобилност.
  • Обезбедување на одржливост преку имплементација на иницијативата Еразмус без хартија и додатно охрабрување на дојдовни и појдовни студенти и персонал да користат практики во своите активности кои се пријателски кон животната средина.
  • Развој на заеднички степени со партнери од програмски и партнерски земји.
  • Употреба на Еразмус+ активности за мобилност како алатка за подготовка на студентите за работниот пазар и зголемување на нивните можности за вработување.
  • Зголемување на нивото на вклученост на Здружението на студенти и алумни во интернационалните активности на универзитетот и во процесот на регрутирање на нов персонал и студенти за интернационални активности.

Податоци за МСУ

  • Полн назив на македонски: Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ Свети Николе - Битола
    Полн назив на англиски: Megjunaroden Slavjanski Univerzitet "Gavrilo Romanovich Derzhavin" Sveti Nikole
    Адреса: Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе, Република Северна Македонија
    PIC: 937193922
    Еразмус код: MK SKOPJE19
    OID: E10037780
    Еразмус+ универзитетска повелба: download here.