Канцеларијата за меѓународни односи на Меѓународен Славјански Универзитет е посветена на развојот на меѓународната соработка, Erasmus+ програмата и создавањето нови партнерства со високообразовни институции од Европа и пошироко.

Канцеларијата ги координира студентските мобилности, како и мобилностите на академскиот и административниот кадар, интеринституционалните договори и процесите поврзани со подготовка, реализација и признавање на мобилностите.

Посебно внимание се посветува на приемот и поддршката на странските студенти и вработени кои доаѓаат на МСУ. Канцеларијата им помага во текот на целиот процес – од номинација и подготовка на документацијата, до пристигнување, академска интеграција и практична поддршка за време на престојот. Високото ниво на поддршка се потврдува и преку повратните оценки од учесниците во Erasmus+ мобилностите.



Важен дел од меѓународните активности на Универзитетот се и Blended Intensive Programmes (BIP), преку кои МСУ е домаќин на студенти и кадар од партнерски универзитети и организира кратки интензивни меѓународни програми што комбинираат физичка и виртуелна мобилност.

Канцеларијата учествува и во развој на нови меѓународни проекти и партнерства, организација на меѓународни академски настани и унапредување на дигиталното управување со Erasmus+ мобилностите преку системите Erasmus Without Paper.

Целта на Канцеларијата за меѓународни односи е управување со билатералните договори меѓу универзитетите, испраќање и прием на студенти и професори – корисници на мобилност, поврзување на нашите факултети и студенти со други партнери од странство и вклучување на вработените на универзитетот и придружните единици и студенти во меѓународни проекти.

Можете да го запознаете тимот на Канцеларијата за меѓународни односи на следниот линк.


 

Податоци за МСУ

  • Полн назив на македонски: Меѓународен Славјански Универзитет Свети Николе
    Полн назив на англиски: Megjunaroden Slavjanski Univerzitet Sveti Nikole
    Адреса: Маршал Тито 77, 2220 Свети Николе, Република Северна Македонија
    PIC: 937193922
    Еразмус код: MK SKOPJE19
    OID: E10037780
    Еразмус+ универзитетска повелба: download here.