Должностите на институцијата носител на Повелбата поврзани со мобилноста


  1. Mеѓуинституционален договор помеѓу високо образовни институции кои што ги исполнуваат условите
    • Еразмус студентска мобилност за студирање ќе се заснова на меѓуинституционални договори склучени помеѓу институциите учеснички кои се носители на Еразмус Универзитетска Повелба.
    • Во случај на мобилност за стажирање, овој услов не се применува помеѓу високообразовната институција испраќач и институцијата-домаќин.
  2. Целосно признавање 
    • Институцијата-домаќин треба да обезбеди целосно признавање за периодот поминат во странство.
    • За периодите на студирање и стажирање кои се дел од наставната програма на студентот, институцијата која го испраќа студентот целосно ќе ги признае ЕКТС кредитите. Во исклучителни случаи, периодот на стажирање што не е дел од наставната програма на студентот, институција испраќач ќе обезбеди признавање со евидентирање на овој период во Додатокот на дипломата или, ако не е можно, во преписот на оцени на студентот. Покрај тоа, силно се поттикнува употребата на документот Еуропас мобилност.
  3. Без надоместоци
    • Нема универзитетски надоместоци (за школарина, регистрација, испити и пристап до библиотека и лаборатории, итн) што треба да се платат на институцијата домаќин за договорениот курс на студии. Сепак, мали надоместоци може да се наплаќаат како што се надомест за осигурување, за студентски здруженија и за употреба на разни материјали како што се фотокопии, лабораториски производи на истата основа како што им се наплаќа на локалните студенти. Студентите треба да бидат информирани дека тие ќе продолжат да ги плаќаат нормалните академски надоместоци во нивната домашната институција за време на нивниот период на студирање во странство.
    • Додека од Еразмус студент може да се побара да ги плати стандардните академски надоместоци во домашната институција, појдовните Еразмус студенти не смеат да бидат подложни на било какви дополнителни надоместоци или давачки во врска со организацијата или администрацијата на нивнатата Еразмус мобилност.
  4. Признавање и Договор за учење или Договор за обука
    • Еден студент пред да започне со Еразмус студискиот период, неговата/нејзината домашна институција е должна да утврди дека програмата на студии е прифатлива од институцијата домаќин за степенот на образование кон кој што студентот во моментот работи, и дека Еразмус студирањето ќе му се признае по успешното завршување на истата.
    • За студентска мобилност, секој студент ќе добие договорот за учење пред започнување на студискиот период. Со договорот за учење треба да се согласни институцијата-домаќин, домашната институција и студентот.
    • За мобилност за стажирање, студентот мора да има склучено Договор за обука за периодот на стажирање; овој договор мора да биде одобрен од страна на домашната институција/организација, институцијата/органзација-домаќин и од студентот. Во првата недела од пристигнувањето со цел заедничко разбирање студентот ќе разговара со менторот во врска со задачите кои ќе ги извршува.
    • Секоја промена на договорот за учење/стажирање која ќе се утврди како неопходна откако студентот ќе пристигне во институцијата-домаќин, ќе биде финализирана и формализирана во рок од еден месец од доаѓањето на студентот. Секои последователни измени на Договорот за учење/обука, кои се појавуваат како неопходни, мора формално да се одобрени од сите три страни и веднаш применливи.
    • По успешното завршување на периодот на мобилност, институцијата/претпријатието/организацијата домаќин ќе му обезбеди на студентот препис на оценките или препис за завршената пракса која е спроведена во согласност со Договорт за учење или Договорот за обука.
    • Кредитите или признавањето на студиите или стажирањето изршени од страна на студентот во институцијата/претпријатието/организацијата домаќин може да не бидат доделени само ако студентот не успее да го постигне нивото на академски/професионални достигнувања поставени од страна на институцијата/претпријатието/организацијата домаќин или на друг начин не ги исполнува договорените услови побарани од страна на институциите учеснички надлежни за признавањето.
    • Договорот за обука вклучува “Заложба за квалитет” за студентски стажирања. Заложба за квалитет е стандарден документ кој ги пропишува улогите и одговорностите на двете страни во текот на периодот на студентско стажирање.
  5. Еразмус студентска повелба
    Сите права и обврски на Еразмус студентот се запишани во Еразмус студентската повелба, која се дава на секој студент од страна на неговата институција пред да замине на студирање во странство.