Процес на селекција


Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ објавува повик за учество најмалку двапати во текот на годината наменет за потенцијалните корисници на мобилност. Повикот се објавува на веб страницата на МСУ во категоријата Новости.

Повикот содржи информации за академската година во која ќе се организира мобилноста, условите и времетраењето, потребната документација и упатство за аплицирање.

Во повикот се дефинираат и критериумите за избор на корисници на мобилност. За секој повик одбираме Комисија за селекција на корисници на мобилност кое е составено од 3 члена.


Аплицирање


Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку онлајн апликација која се објавува заедно со повикот за учество.

Рокот за аплицирање е дефиниран во повикот за учество во мобилност. Рокот може да се продолжува повеќе пати, се до целосно потполнување на предвидените места за мобилност.

По завршување на апликацијата во рок од 8 дена се прави бодување и рангирање на апликантите по што се објавуваат резултатите.


Предуслови за аплицирање


Право на аплицирање имаат студенти кои:

  • имаат запишано барем трет семестар на прв циклус студии или се запишани на втор циклус на студии;
  • имаат просек од 7,0 или повисок. Во исклучителни случаи (непотполнетни места и сл.) може да аплицираат и студенти со просек ендаков на или над 6,5. За студентите кои студираат на едногодишни студии на втор циклус просекот не се зема предвид;
  • имаат статус на редовен студент на прв циклус на студии на МСУ имаат реализирано најмалку 60 ЕКТС кредити. За студентите на втор циклус нема минимум на стекнати кредити.

Критериуми за селекција на кандидатите


Корисниците на мобилност за Еразмус+ програмата се селектираат во фер и транспарентен процес. Секоја пристигната апликација треба ќе биде бодувана од петчлена Комисија за селекција на корисници на мобилност. Бројот на максимум бодови е 100.

Просек

(секој бод одговара на оцена од 0,1.)

6,5 до 7,0 од 5 до 10 бодови;
7,1 до 8,0 – од 11 до 20 бодови;
8,1 до 9,0 – од 21 до 30 бодови;
9,1 до 10,00 – од 31 до 40 бодови

40 бодови
Мотивациско писмо 15 бодови
Познавање на странски јазик (по 5 бодови за секој јазик, максимум 3 јазици). 15 бодови
Препорака од професор (по 5 бодови за секоја препорака, максимум 2 препораки). 10 бодови
Претходно искуство во активности на МСУ или во Здружението на студенти (по 5 бодови за секоја активност, максимум 2 активности). 10 бодови
Сертификати, награди, пофалници  (по 2 секоја, максимум 5). 10 бодови