Програмата Еразмус преку акцијата Мобилност на административен персонал нуди можност за обука во Еразмус партнерска институција на Високообразовната институција од Р. Северна Македонија носител на Еразмус Универзитетска Повелба.

Оваа акција цели да обезбеди обука за персоналот од Високообразовната институција. Во овој контекст, мобилностите можат да бидат:

  • вработени од Високообразовна институција присуствуваат на обука во партнерска компанија или лица од партнерската компанија присуствуваат на обука во Високообразовната институција со што се цели кон придобивање практични вештини. Овие обуки можат да бидат во форма на семинари, работилници, курсиви или конференции, практична работа и сл.,
  • административен или друг персонал од носителот на Еразмус Универзитетска Повелба присуствува на обука кај друг носител на Еразмус Универзитетска Повелба со цел размена на искуства, позитивна пракса, подобрување на вештините и знаењето за спроведување на секојдневните работни задачи и сл.
  • наставен персонал од Високообразовна институција присуствува на обука кај друг носител на Еразмус Универзитетска Повелба.

Високообразовната институција сите критериуми за избор треба транспарентно да ги наведе во повикот а истиот, заедно со евентуалните пропратни документи, треба да бидат достапни до сите лица на високообразовната институција. Административниот персонал мора да потпише договор кон кој како анекс се доставува личен работен план.

Изборот на лицата кои би партиципирале во овој вид на мобилност се врши во склоп на високообразовната институција. Националната агенција за европки образовни програми и мобилност на ниеден начин не е вклучена во процесот на избор.


Важни информации


  • времетраењeто на мобилноста може да биде од 2 дена до 2 месеци;
  • по враќањето во матичната институција, административниот персонал е обврзан да достави извештај.

Информациите се преземени од Еразмус+ водичот од 2022 година.