Организации кои ги исполнуваат условите
Организацијата што испраќа дојдовен кадар мора да биде високообразовна институција од земја-членка на ЕУ или трета земја поврзана со програмата на Еразмус+ Универзитетската Повелба, или високообразовна институција од трета земја што е не е поврзана со Програмата, признаена од надлежните органи кои потпишале меѓуниституционални договори со нивните партнери од земја-членка на ЕУ или трета земја поврзана со Програмата, пред да се изврши мобилноста.
Времетраење
Од 2 дена до 2 месеца физичка мобилност, не вклучувајќи го времето на патување. Во случај на мобилност која вклучува трети земји кои не се поврзани со Програмата, времетраењето мора да биде од 5 дена до 2 месеци. Во двата случаи, минималните денови мора да бидат последователни. Во случај на поканет персонал од претпријатија, минималното времетраење е 1 ден физичка мобилност.
Место (Места) на активноста
Кадарот мора да ја спроведе физички активноста на мобилност во која било земја-членка на ЕУ или трета земја поврзана со Програмата или трета земја што не е поврзана со Програмата, различна од земјата на организацијата што испраќа дојдовен кадар и земјата на престој на кадарот.
Учесници кои ги исполнуваат условите (подобни учесници)
Мобилност на кадарот за обука: Кадар кој работи во високообразовна институција во земја-членка на ЕУ или трета земја поврзана со Програмата или трета земја што не е поврзана со Програмата.
Други критериуми
Членот на кадарот, организацијата што испраќа и организацијата што прима мора да потпишат договор за мобилност.