Овде можете да ги најдете одговорите на често поставуваните прашања во врска со студентските мобилности во рамките на Еразмус+ програмата.
Критериумите за селекција секоја година се одредуваат од Еразмус+ конкурсот. Најважниот критериум е академскиот успех што претставува просекот од сите оценки на студентот, и тој треба да биде над 7.0. Во исклучителни случаи, апликантите со просек на оценки помал од 7.0 а над 6.5 може да аплицираат, но ќе бидат прифатени доколку има слободни места. Како додаток на овој критериум се исто така и квалитетот на мотивационо писмо и придонесот на кандидатот во активностите на Студентското здружение на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. За подетални информации, консултирајте се со тимот на Канцеларијата за меѓународни односи.
Да, тоа може да се релизира во рамките на Еразмус+ КА107 акција. За подетални информации +, консултирајте се со тимот на Канцеларијата за меѓународни односи.
Да, можно е да се разгледаат и тие универзитети. Но, универзитетот треба да потпише Меѓуинституционален договор (Inter-Institutional Agreemen) пред мобилноста. Доколку студентот сака да продолжи со мобилност на универзитет со кој Меѓународниот Славјански Универзитет сè уште нема потпишано договор, студентот може да ги контактира нашите вработени на Канцеларијата за меѓународни односи, а ние ќе се обидеме да потпишеме меѓуинституционален договор за да ја оствариме мобилноста на тој универзитет. Сепак, може да има различни причини зошто меѓуинституционалниот договор не би се подготвил веднаш, па најдобро е студентот да ги има предвид тие информации.
Финансискиот износ за мобилност во рамките на Еразмус+ програмата може да варира, најчесто од 400 до 500 евра месечно пресметано во денари и е еднакво на трошоците за живот во земјата домаќин. Студентите со низок социоекономски статус имаат право да аплицираат за додатна финансиска помош во износ од 200 евра месечно како и студентите со посебни потреби кои може да добијат додатна помош за потребите за инвалидитет, хронични заболувања. Студентите кои одат на Еразмус+ мобилност со цел реализирање на професионална пракса имаат право на додатни 100 евра месечно. Финансиската помош за мобилност во рамките на КА107 проект (партнерски земји) е 700 евра месечно плус патни трошоци.
Исплатата се прави во денари на банкарска сметка која е одреден во самиот финансиски договор и е 80% од вкупната сума на стипендијата пред заминување и 20% после враќањето од мобилност. Ако студентот има потреба од рано исплаќање поради одреден причини (купување авионски билети, плаќање кауција за дом), може да се обрати во Канцеларијата за меѓународни односи. Конечната сума на финансиска помош се определува после враќањето кога студентот треба да ја поднесе и потврдата од странската институција со одредениот почетен датум и крајниот датум на мобилност. Во случај кога студентот ќе ја скрати мобилноста, се редуцира вкупната финансиска поддршка.
Студентите уште пред да заминат на својата студентска мобилност, се обрзани да потпишат некоја осигурителна полиса која мора да ги покрива следниве работи:
- Здравствено осигурување
- Патничко осигурување.
Изборот на осигурителната полиса е личен избор на секој студент, а копија од склучената полиса треба да се прикачи на Договорот кој се склучува помеѓу Универзитетот и студентот.
Поради грантот, студентот мора да обезбеди доказ (потврда или Уверение за положени испити) дека барем ги слушал предавањата, иако не се положени испити. Студентот ќе го добие преостанатиот дел од грантот. Но, од друга страна, во случај студентот да постигне помалку ЕКТС кредити од предвидените во Договорот за учење, тој ќе биде должен да ги преполага испитите на МСУ. Тоа ќе биде регулирано со посебна одлука од деканот на Факултетот.
Ако студентот не ги заврши своите обврски кои се одредени во Договорот за учење, финансиските средства треба да се вратат делумно или целосно.
Студентот може да добие финансиска поддршка за мобилност во вкупно траење од 12 месеци за секое ниво на студирање (додипломски, постдипломски) без разлика на бројот и видот на активност (студиски престој или професионална пракса).
За Еразмус+ програмата, минимално времетрање на една мобилност е 2 месеци.
Студентите од Меѓународниот Славјански Универзитет кои се запишани на најмалку втора година на додипломски студии.
Лицето кое дипломирало може да реализира мобилност, но само за професионална пракса, ако се осигура дека мобилноста ќе заврши во текот на една година од денот на завршување на студиите и дека апликацијата е поднесена додека студентот сè уште студира. Повеќе информации во врска со оваа можност ќе бидат објавени на Конкурсот за Еразмус+ Студентска Мобилност, кој додатно ќе биде отворен.
Не. Освен во случај ако странската институција каде што студентот планира да ја реализира мобилноста не го бара тоа. Еразмус+ програмата на студентите им нуди можност да посетуваат бесплатен јазичен курс што го подготвува студентот за мобилност. Повеќе информации во врска со онлајн курсеви може да најдете тука.
Ние сме обврзани да ги признаеме сите ЕКТС кредити наведени во Договорот за учење.
Како што полека влегуваме во дигиталната ера, се грижиме да бидеме во тек со сите најнови трендови и технологии кои Еразмус+ програмата ги нуди. МСУ ги имплементира сите принципи на иницијативата Еразмус без хартија, како дел од таа иницијатива, Еразмус+ ја претстави новата онлајн платформа Erasmus+ Dashboard каде што се прават најновите Договори за учење.
Договорот за учење се состои од три дела:
- првиот дел (Пред мобилност) се потполнува пред да се реализира мобилноста и содржи листа на предмети за кои студентот треба да оди на мобилност, и кои треба да се во договор со координаторот од матичната институција
- вториот дел (Тек на мобилноста) кој се потполнува во текот на мобилноста, но само во случај кога има промена на предметите или времетраењето на мобилноста
- трет дел (После мобилноста) којшто се потполнува после реализација на мобилноста, и тој дел всушност е Уверението за положени испити (Transcript of Records) и потврда за датумот на мобилноста. Странските институции вообичено не ги издаваат како дел од договорот После Мобилноста, туку како одделни документи. Студентите кои одат на Еразмус+ пракса, го потполнуваат Договорот за студирање во согласност со менторот во матичната институција.
Програмите за студирање вообичаено може да се најдат на веб-страниците на секоја институција, за повеќе информации за можни промени, достапност на посакуваните предмети за размена на студенти и јазикот на настава, треба да се контактира Еразмус+ координаторот на институција или соодветните Еразмус+ координатори на факултетите или катедрите. Најдобро би било прво да се консултирате со Канцеларијата за меѓународни односи на МСУ.
Не. Целта на мобилноста е да се здобие разнолико знаење и способности од оние кои студентот ќе ги добие во случај да не реализира некаква мобилност. Сепак, кога се одбираат предметите, потребно е да се консултира Еразмус+ координаторот на МСУ и деканот на вашиот факултет бидејќи таа институција ја прави конечната одлука и ја потврдува мобилноста кога студентот ќе се врати.
Еразмус+ студентот треба да го заврши финалниот извештај преку Mobility Tool+ (линкот се праќа преку електронска пошта после завршување на мобилноста) и да го заврши OLS оценувањето на јазикот на кој се одвивала мобилноста (освен ако веќе не е постигнато ниво С2). Во тој случај неопходно е до Канцеларијата за меѓународни односи да се поднесе делот од Договорот за учење што се однесува на завршување на мобилноста или транскрипт на оцени и ЕКТС кредити и сертификат за престој на странскиот универзитет со точните датум на мобилноста (освен кога датумите и оценките не се содржат во делот од договорот После мобилност). Освен тоа, неопходно е да се поднесе барање за признавање на мобилноста до Службата за студентски прашања.
Продолжувањето на периодот на мобилност може да се побара најмалку еден месец пред конечниот договорен датум на крајот на мобилноста со испраќање на барање до Еразмус + координаторот на Меѓународниот Славјански Универзитет. Во случај кога постои можност за добивање финансиска поддрша на студентот, продолжувањето на мобилноста ќе биде одобрена со потпишување на додаток за финансиски договор и со дополнување на Еразмус+ договорот за учење, којшто го вклучува одобрувањето од катедрата од институцијата-испраќач и странскиот координатор. Во случај кога недостасува финасирање, студентот може ако сака, да остане на мобилност подолго време без финансиската поддршка од Еразмус+, односно да остане како студент без финансиска поддршка.