Пред потпишување на Договорот за настава или Договорот за стручно усовршување
По завршување на процесот на селекција на корисници на мобилност, матичната институција, институцијата домаќин и корисникот на мобилност можат да пристапат кон склучување на Договор за настава или Договор за стручно усовршување.
Потпишување и содржина на Договорот за настава или Договорот за стручно усовршување
Потписник на договорот за матичната институција (МСУ) е Еразмус+ координаторот на МСУ.
Формата на договорот е утврдена од програмата по која се одвива мобилноста, или од двете институции доколку станува збор за билатерален договор. Договорот за настава содржи план за настава одобрена од партнер институцијата. Договорот за стручно усовршување содржи работен план. Со потпишувањето на Договорот за настава или Договорот за стручно усовршување, матичната институција одобрува кадарот да оди на мобилност и да го реализира избраниот план за настава или работен план, а институцијата домаќин го прифаќа кадарот и го одобрува избраниот план за настава или работен план.
Услови за исплата на средствата од грантот
За мобилностите во рамките на Еразмус+ програмта е предвидена финансиска поддржка, соодветно на правилата на програмата и препораките добиени од Националната Агенција за европски образовни програми и мобилности.
Корисникот на мобилност не може да добие грант доколку неговиот престој на институцијата домаќин за иста цел се финансира од некоја друга програма или институција. Висината на грантот е определена на Mobility Tool+ или некоја друга платформа во случај на промена.
За исплата на средствата корисникот на мобилност треба да ги исполни следните услови:
- Да потпише договор за грант;
- Да достави трансакциска сметка;
- Да потпише Договор за настава или Договор за стручно усовршување.
Задолжително осигурување
Корисникот на мобилност е должен пред отпочнувањето на периодот на мобилност да обезбеди осигурителна полиса за патничко и здраствено осигурување.