Информации за грантот за мобилност на наставен и административен кадар


За мобилностите кои произлегуваат од билатералните договори не се предвидени грантови, освен доколку истото не е наведено во билатералниот договор.
За мобилностите во рамките на Еразмус+ програмата е предвидена финансиска поддршка, соодветно на правилата на програмата и препораките добиени од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
Корисникот на мобилност не може да добие грант доколку неговиот престој на институцијата домаќин за иста цел се финансира од некоја друга програма или институција.

Висината на грантот е определена во Mobility Tool+ (или друга платформа доколку има промена). МСУ исплаќа 100% од висината на грантот на корисникот на мобилност пред почетокот на периодот на мобилност.

За исплата на средствата корисникот на мобилност треба да ги исполни следниве услови:

  • Да потпише договор за грант
  • Да достави трансакциска сметка
  • Да потпише Договор за настава или Договор за стручно усовршување

Во Договорот за грант се наведени деталите за условите и начините на плаќање. Доколку корисникот на мобилност не ги исполни условите од Договорот за грант и Договорот за настава или Договорот за стручно усовршување, во определени случаи ќе треба да ги рефундира добиените средства делумно или во целост.

По враќање од мобилноста корисникот на мобилност треба:

  • Да достави Изјава од партнер институцијата во странство за деновите на престој на мобилноста, потпишана од институцијата домаќин.
  • Да пополни извештај за Еразмус+ искуството (EU Survey).

Поврат на средствата


Доколку корисникот на мобилност не ги почитува обврските кои произлегуваат од склучените договори и има направено големи отстапки, истиот ќе има обврска целосно или делумно да ги врати средствата од грантот.

Доколку корисникот на мобилност се откаже од мобилноста пред истекот на рокот или пред почетокот на мобилноста, има обврска да ја врати целата сума од грантот која МСУ ја исплатил на неговата сметка.

Во случај на неисполнување на договорот поради виша сила, се постапува согласно насоките од Националната Агенција во договор со корисникот на мобилноста.


Осигурување


Корисникот на мобилност е должен пред отпочнување на периодот на мобилност да обезбеди осигурителна полиса за патничко и здравствено осигурување.


A. Еразмус+ финансиска поддршка (грант) за административен кадар


  • Само индивидуална поддршка (патувањето е одделно покриено според фиксни единечни трошоци)

 

Земја-домаќин

Евра Мин.-Макс. (€ дневно)

Применет национален % (треба да биде помеѓу 50 и 100%)

Национално ниво на грант ( € дневно)

Група A
Данска, Ирска, Холандија, Шведска, Обединето Кралство

80-160

 

 

 

 

 

 

 

100 %

 

160

Група B
Автрија, Белгија, Булгарија, Кипар,Чешка, Финска, Франција, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Лихтенштајн, Луксембург, Норвешка, Полска, Романија, Швајцарија, Турција
 

 

 

70-140

 

 

 

140

Група C
Северна Македонија, Германија, Латвија, Малта, Португалија, Шпанија, Словачка
 

60-120

 

120

Група D 
Хрватска, Естонија, Литванија, Словенија
50-100 100