Славјански со кампуси во Свети Николе и Битола


Денес Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) располага со два кампуси во Свети Николе и Битола и е втор дом на повеќе од 2000 студенти.

Нашиот универзитет е составен од четири факултети и два институти (Институт за инженерска економија и Институт за култура и уметност). Нашите студенти поминуваат голем дел од своето време на факултет и со право може да се рече дека за време на студиите факултетот станува нивни втор дом.


Меѓународна соработка


На Меѓународен Славјански Универзитет посветуваме големо внимание на меѓународната соработка, како и можностите за мобилност на студенти и професори. Соработуваме со престижни универзитети и институции низ целиот свет вклучувајќи и универзитети кои се дел од Еразмус+ програмата.  Со тоа, им овозможуваме на нашите студенти да учествуваат во програми за размена кои ги прошируваат нивните хоризонти, им помагаат да стекнат нови знаења и да изградат меѓународни мрежи на пријателство и соработка.


Дигитализиран образовен процес


Се гордееме со користењето на најсовремени технологии и наставни методи кои им помагаат на студентите во текот на студиите. Нашиот целосно дигитализиран образовен процес вклучува платформа за Е-учење, интерактивни алатки за учење и симулации кои го зголемуваат учеството на студентите во наставниот процес и ја подобруваат ефикасноста на учењето.


Живејте ја Вашата визија


Уште од основањето на универзитетот ние сме тука за нашите студенти. Ќе Ви помогнеме да ги откриете Вашите интереси, да ги развиете сопствените таленти, да совладате клучни вештини… Ние ќе Ви помогнеме да ја живеете својата визија.

Студентскиот живот на МСУ е динамичен и исполнет со различни активности. Со Киноверзум, нашето универзитетско кино, нашиот Женски ракометен клуб Овче Поле – Славјански Универзитет, како и Здружението на студенти на МСУ, нашите студенти уживаат во богат културен, спортски и социјален живот. Покрај тоа, веруваме во важноста на активниот студентски живот, па така ги охрабруваме студентите да учествуваат во различни клубови и организации кои го збогатуваат нивното академско и социјално искуство.


 Тука сме за Вас


Нашиот Центар за кариера ќе се погрижи за да Ве насочи кон Вашата идна професија и ќе Ви дава безрезервна поддршка во текот на студирањето.


Ние ќе бидеме Вашиот втор дом


Ние сме отворени за сите – посетете нè, прошетајте низ нашите кампуси и на секој чекор ќе пронајдете активности во кои ќе се препознаете себеси. Кај нас има простор за учење, дружење, соработка… Во текот на студирањето овие места ќе бидат Вашиот втор дом. Меѓународен Славјански Универзитет создава средина во која секој студент може да расте, да учи и да се развива на лично и професионално ниво. Посетете нè и дознајте како можеме заедно да ги реализираме вашите соништа и амбиции.

За одржување на наставата Ви ставаме на располагање простории од над 6500 m2 во Свети Николе и Битола.

Во рамките на овие простории се опфатени конференциски сали, амфитеатар, предавални, простории за практична работа, лаборатории, работилници, простории за вежби, комплетно опремена библиотека со читална, ресторан, студентско бифе, книжарници итн.



Ве охрабруваме да бидете дел од нешто поголемо


Ние ги охрабруваме нашите студенти активно да се вклучуваат во работата на универзитетот, па така, преку Здружението на студенти при МСУ, можете да бидете дел од организацијата на разни културни настани, конференции, семинари, хуманитарни акции, студентски размени…


Професорите се Ваши колеги и пријатели


Нашиот професорски кадар е секогаш е позитивно, професионално и пријателски расположен за работа со студентите. Тие се секогаш достапни и студентот добива пристап до нивни податоци за контакт (телефон и адреса на електронска пошта) заедно со корисничката сметка на Е-учење.