Симболи на универзитетот


Грб


logo Slavjanski (Small)Грбот на МСУ е со тркалезна форма. Централно е поставен портрет од Г. Р. Державин и натпис во два реда: во надворешниот ред е напишано: МЕЃУНАРОДЕН СЛАВЈАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ, a во внатрешниот ред што се наоѓа околу ликот е напишано: ГАВРИЛО РОМАНОВИЧ ДЕРЖАВИН – СВЕТИ НИКОЛЕ – БИТОЛА – Р. МАКЕДОНИЈА. На долниот дел од грбот стои отворена книга, како симбол на знаењето и образованието.
Грбот на универзитетот се употребува на издадените дипломи, сертификати, меморандумите итн. Златна верзија од грбот се употребуваше за 10-годишниот јубилеј. Истата верзија се употребува и за плакетата „Державин“ која ја се врачува на лица кои дале значителен придонес во развојот на универзитетот. За интернационална употреба се користи верзија од грбот на англиски јазик.

Знаме


Знамето на МСУ е со правоаголна форма во темноцрвена боја прошарана со потемни и посветли декоративни елементи со неправилна форма. На средината се наоѓа грбот на МСУ.
Под грбот на МСУ во два реда со фонт StobiSans Bold и сите големи букви е испишан називот на МСУ: (во првиот ред) Меѓународен Славјански Универзитет (во вториот ред) Гаврило Романович Державин.

Знамето на МСУ постојано е истакнато на објектот на Ректоратот на МСУ и на објектите на единиците и на придружните членки. Знамето на МСУ се истакнува по повод патрониот празник на МСУ, на прослави, свечености и други активности, кои се од значење за МСУ и единиците, а може да се истакне при одржување на меѓународни универзитетски средби,
натпревари и други собири во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири, како и при спортски натпревари и други спортски активности на МСУ и на единиците.


Студентска химна


Химната на универзитетот е напишана од Лазар Цветковски, а изведувачи се познатите македонски пејачи Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, кои се наши (веќе дипломирани) студенти.

Химната се изведува на свечености организирани од универзитетот како доделување дипломи и врачување индекси, на промоции, културни настани итн. Се користи и во промотивните видеа за универзитетот, како и за секој факултет посебно.


Плакета


Плакетата се доделува на заслужни правни и физички лица, кои со својата работа дале посебен придонес за развојот на МСУ во областа на наставно-образовната, научно-истражувачката и уметничката дејност.

Златната плакета „Державин“ е со темно кафеави рамки, црвена подлога, а централно, во златен круг е поставен ликот на Г. Р. Державин. Во долниот дел на златна плочка во првиот ред е испишан текстот Златна плакета „Державин“, а потоа стои полниот назив на универзитетот.

Заедно со плакетата се врачува и биста со ликот на Г. Р. Державин.


Патронен празник


Патрониот празник на МСУ е 21-ви март, Светскиот ден на поезијата. Секоја година патрониот празник се одбележува со посебна свечена програма која се одржува на една од единиците на МСУ. Во свечената програма земаат учество и студентите на МСУ и на тој ден не се изведува настава. Патрониот празник на МСУ се одбележува на свечен начин, секоја година и на тој ден не се изведува настава. Програмата за патрониот празник се подготвува и уредува од Институтот за култура и уметност.


Инсигнии


Графички приказ на ректорски и проректорски инсигнии

Графички приказ на декански и продекански инсигнии

МСУ има посебни инсигнии за ректорот, проректорот, деканите и продеканите. Ректорските и проректорските инсигнии се состојат од пет меѓусебно поврзани гравури, а на централната гравура е поставен ликот на Г. Р. Державин. Деканските и продеканските инсигнии се разликуваат зависно од факултетот и се состојат од три меѓусебно поврзани гравури, а на централната гравура е поставен ликот на Г. Р. Державин.

 


Одора


МСУ определува одори за ректорот, проректорите, деканите и продеканите. Одората се карактеризира со бордо боја со декорации и везови во златна боја кои започнуваат од предната страна и преку рамениците се протегаат до грбот. Основата на одората е иста за ректорот, проректорите, деканите и продеканите. На ректорската одора има правоаголен додаток во златна боја кој служи како подлога за инсигниите. На проректорската, деканската и продеканската одора се додаваат само инсигниите.

Одората се користи при свечени настани на МСУ, прослави, промоција на нови генерации, претставување на МСУ или единиците на меѓународни и меѓууниверзитетски средби и слични активности.


Слогани


  • Живеј ја својата визија (2015)
  • Студирајте на Славјански денес за да го освоите светот утре (2016)
  • Мојата визија. (2018)

Borjan Jovanoski