Златна плакета „Державин“


Златната плакета „Державин“ се доделува на лица и институции кои имаат значаен придонес во промовирање на универзитетот во земјата и странство и кои преку нивната соработка го зацрвстуваат имиџот на универзитетот и имаат особен придонес во наставно-образовната, научната, истражувачката и уметничката дејност.
Златната плакета „Державин“ е со темно кафеави рамки, црвена подлога, а централно, во златен круг е поставен ликот на Г. Р. Державин. Во долниот дел на златна плочка во првиот ред е испишан текстот Златна плакета „Державин“, а потоа стои полниот назив на универзитетот.
Заедно со плакетата се врачува и биста со ликот на Г. Р. Державин.
Правилата и условите за доделување на плакетата ги донесува Ректорската управа.

Златна, сребрена и бронзена плакета за конкурси


 

Златните плакети се доделуваат на победници на конкурси кои се во организација на Меѓународен Славјански Универзитет. Покрај златната плакета, победникот најчесто добива и дополнителна награда. За вторите и третите места на конкурсите се доделуваат сребрена и бронзена плакета, соодветно.

Конкурси на кои се доделуваат плакетите:

  • Конкурс за карикатура, хумореска и афоризам „Јас, Итар Пејо“
  • Конкурс за средношколски есеи
  • Шаховски турнир „Державин“
  • Интелектуална игра „Державин“
  • Ораторски ден

Награда Державин


Державин — наградата за поетска книга која ја доделува Друштвото на писателите на Македонија секоја година за нови поетски остварувања на членовите на македонската писателска асоцијација објавени во последните 12 месеци, заклучно со месец август. Наградата го носи името на големиот книжевник Г. Р. Державин и е востановена во 2016 година со парична донација од Меѓународен Славјански Универзитет од Свети Николе, по повод 70-годишнината од формирањето на ДПМ. Прв добитник на ова признание e поетот Јован Стрезовски.

Досега добитници на наградата се:

  • 2016 – Јован Стрезовски за стихозбирката „Времено и трајно“
  • 2017 – Василе Димески за стихозбирката „Ноќва душава си ја изедов“