Последипломски студии во Љубљана

Согласно договорот потпишан помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” и Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, програмата „Бизнис и организација“ на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана сега е достапна на нашиот универзитет.

Искористете ја можноста во Р. Македонија да студирате на програма од факултетот кој е првиот и моментално единствениот со т.н. „Тројна круна“ во Југоисточна Европа со највисоките интернационални акредитации EQUIS, AASCB и AMBA.

Уписот на кандидатите и реализација на програмата ќе се врши на Славјански Универзитет. Официјален јазик на прогамата е англиски јазик.

Во Словенија магистерската програма „Бизнис и организација” е акредитирана од Националната агенција за квалитет во високото образование (НАКВИС) на Република Словенија. Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана ја доби акредитацијата од Владата на Република Македонија за реализација на магистерската програма „Бизнис и организација”. Сите законски услови за почеток на студиите во Република Македонија се исполнети.

Оваа програма ја препорачуваме за:

  • менаџери и претприемачи кои веќе се вработени;
  • лидери кои имаат мултидисциплинарни одговорности;
  • сиректори кои сакаат да развијат сеопфатна, интегрирана перспектива и да ги изострат нивните стратешки вештини;
  • амбициозни експерти на кои им се важни менаџерските вештини;
  • мотивирани индивидуалци кои можат да го изразат својот лидерски потенцијал;
  • дипломирани студенти со или без работно искуство.