Онлајн уписи 2021/2022

 


Чекор 1: Истражете


  • Разгледајте ја нашата веб страница и одберете го факултетот кој Ви се допаѓа.
  • Разговарајте со Вашите родители/професори околу Вашиот избор.
  • Дали професијата која ја одбирате е онаа која сакате да ја работите?
  • Посетете нè, разговарајте со нашите вработени, бидете сигурни дека сте чекор поблизу до живеењето на Вашата визија!


Чекор 2: Подгответе ги документите


Доколку насоката која ја одбравте Ве води кон професијата од Вашите соништа, тогаш сторете нешто во врска со тоа! Откако ги собравте сите потребни информации, време е за подготовка на потребните документи.

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат скенирани следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура; Матурантите од 2020 година не го доставуваат овој документ. 
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Извод од матична книга на родените;
  •   Државјанство и
  •   4 мали фотографии во боја

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат скенирани следните документи:

  • Диплома за завршен прв циклус на студии;
  • Уверение за положени испити;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Лична карта;
  • Државјанство и
  • 4 мали фотографии во боја

Доколку правите трансфер, потребно е да доставите и Уверение за положени испити.


Чекор 3: Запишете се


Сега, кога веќе сè Ви е подготвено, можете да аплицирате онлајн.

По поднесување на апликацијата, Ве молиме испратете ги потребните документи за упис до Службата за студентски прашања. Потоа, очекувајте да бидете контактирани во наредните неколку денови за да добиете инструкции како да продолжите со апликацијата.

  • Доколку аплицирате за упис во Свети Николе, доставете ги скенирани документите на studentski@msu.edu.mk.
  • Доколку аплицирате за упис во Битола, доставете ги скенирани документите на bitola@msu.edu.mk.

Аплицикација


Општи податоци

Податоци за завршено образование

CAPTCHA image