Упис на последипломски студии – 2021/2022

Упис на додипломски студии – 2021/2022
21 март 2021
Покана за виртуелни отворени денови на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“
23 март 2021

Упис на последипломски студии – 2021/2022

Врз основа на член 149, член 134 став 2 и член 135 од Законот за високото образование на Р. Северна Македонија (Сл. весник 82/2018) и член 165 од Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 15.03.2021 година донесе одлука за распишување на конкурс за упис на студенти во учебната 2021/2022 година и го објавува следниот

КОНКУРС
за запишување на студенти на втор циклус на студии
во академската 2021/2022 година


• ВТОР ЦИКЛУС •


Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)

Факултет за психологија (едногодишни и двегодишни студии)

Факултет за информатика (едногодишни и двегодишни студии)

Факултет за безбедносно инженерство (двегодишни студии)

Факултет за правни науки (едногодишни студии)


1. Број на студенти


На студиските програми на факултетите за настава на македонски јазик ќе се запишат:

Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)

  • Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија – 35 студенти
  • Маркетинг менаџмент – 35 студенти

Факултет за психологија (едногодишни студии)

  • Психологија во социјалната заштита – 25 студенти
  • Клиничка и советодавна психологија – 25 студенти

Факултет за психологија (двегодишни студии)

  • Психологија во социјалната заштита – 25 студенти
  • Клиничка и советодавна психологија – 25 студенти

Факултет за психологија (двегодишни студии)

  • Психологија на социјална заштита – 10 студенти
  • Клиничка и советодавна психологија – 10 студенти

Факултет за информатика (едногодишни студии)

  • Компјутерски системи и мрежи – 20 студенти
  • Софтверски технологии – 20 студенти

Факултет за информатика (едногодишни студии)

  • Компјутерски системи и мрежи – 20 студенти
  • Софтверски технологии – 20 студенти

Факултет за информатика (двегодишни студии)

  • Компјутерски системи и мрежи – 20 студенти
  • Софтверски технологии – 20 студенти

Факултет за безбедносно инженерство (двегодишни студии)

  • Безбедност при работа – 38 студенти

Факултет за правни науки (едногодишни студии)

  • Административно право и јавна администрација – 30 студенти,
  • Граѓанско право – 30 студенти,
  • Казнено право – 30 студенти,
  • Меѓународно право, право на ЕУ и диппломатија – 30 студенти,
  • Финансии и деловно право – 30 студенти

За студии со настава на англиски јазик:


На студиските програми на факултетите за настава на англиски јазик ќе се запишат:

Факултет за економија и организација на претприемништвото (едногодишни студии)

  • Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија – 10 студенти
  • Маркетинг менаџмент – 10 студенти

Факултет за психологија (едногодишни студии)

  • Психологија во социјалната заштита – 10 студенти
  • Клиничка и советодавна психологија – 10 студенти

Факултет за психологија (двегодишни студии)

  • Психологија во социјалната заштита – 10 студенти
  • Клиничка и советодавна психологија – 10 студенти

Факултет за информатика (едногодишни студии)

  • Компјутерски системи и мрежи – 10 студенти
  • Софтверски технологии – 10 студенти

Факултет за информатика (двегодишни студии)

  • Компјутерски системи и мрежи – 10 студенти
  • Софтверски технологии – 10 студенти

Факултет за безбедносно инженерство (двегодишни студии)

  • Безбедност при работа – 10 студенти

Факултет за правни науки (едногодишни студии)

  • Административно право и јавна администрација – 10 студенти,
  • Граѓанско право – 10 студенти,
  • Казнено право – 10 студенти,
  • Меѓународно право, право на ЕУ и диппломатија – 10 студенти,
  • Финансии и деловно право – 10 студенти

2. Услови и критериуми за упис


Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со добиени 240 ЕКТС (четиригодишни студии) и 180 ЕКТС (тригодишни студии).

Кандидатите се запишуваат со самофинансирање на студиите. При плаќање на школарината во готово студентите добиваат попуст од 10%.

Се определува школарина за следниве факултети:

  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 2 циклус последипломски студии за насока: Маркетинг менаџмент во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 2 циклус последипломски студии за насока: Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за безбедносно инженерство за 2 циклус последипломски студии за насока: Безбедност при работа (7 и 8 семестар) во износ од 700 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за безбедносно инженерство за 2 циклус последипломски студии за насока: Безбедност при работа (9 и 10 семестар) во износ од 1200 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: Компјутерски системи и мрежи (7 и 8 семестар) во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: Софтверски технологии (7 и 8 семестар) во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: Компјутерски системи и мрежи (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 2 циклус последипломски студии за насока: Софтверски технологии (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за психологија за 2 циклус последипломски студии за насока: Клиничка и советодавна психологија во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за психологија за 2 циклус последипломски студии за насока: Психологија во социјална заштита во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: Казнено право (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: Граѓанско право (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: Финансии и деловно право (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 2 циклус последипломски студии за насока: Административно право и јавна администрација (9 и 10 семестар) во износ од 1000 евра во денарска противвредност годишно.

Износот на школарината за запишување на странски студенти со странска високообразовна диплома изнесува двојно од износите предвидени за домашните студенти.


3. Рокови за пријавување и запишување   


Пријавувањето и доставувањето на документи за упис ќе се врши во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе во периодот од 22.03.2021 до 30.10.2021 година.

Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 01.11.2021 година.


4. Потребни документи за запишување


При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршен прв циклус на студии;
  • Уверение за положени испити;
  • Кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија;
  • Извод од матична книга на родените;
  • Лична карта (на увид);
  • 4 мали слики во боја.

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.

За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или преку е- пошта: info@msu.edu.mk.


Имате прашања?

За дополнителни прашања слободно посетете ја страницата за Често поставувани прашања или обратете ни се преку подолу дадената форма. Ветуваме дека ќе Ви одговориме најбрзо што можеме!

CAPTCHA
Please wait...