Упис на додипломски студии – 2021/2022

Покана за онлајн трибина „Криза во културата и/или култура во кризата”
20 март 2021
Упис на последипломски студии – 2021/2022
21 март 2021

Упис на додипломски студии – 2021/2022

Врз основа на член 149, член 134 став 2 и член 135 од Законот за високото образование на Р. Северна Македонија (Сл. весник 82/2018) и член 165 од Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 15.03.2021 година донесе одлуказа распишување на конкурс за упис на студенти во учебната 2021/2022 година и го објавува следниот

КОНКУРС
за запишување на студенти на прв циклус на студии
во академската 2021/2022 година


• ПРВ ЦИКЛУС •


Факултет за економија и организација на претприемништвото

Факултет за психологија 

Факултет за информатика

Факултет за безбедносно инженерство 

Факултет за правни науки


1.Број на студенти


За студии со настава на македонски јазик:

На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2021/2022 година ќе се запишат на насоката:

  • Менаџмент и претприемништво – 100 редовни и 70 вонредни студенти,
  • Финансии и банкарство – 100 редовни и 30 вонредни студенти.

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2021/2022 година ќе се запишат на насоката

  • Општа психологија – 70 редовни и 70 вонредни студенти.

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2021/2022 година ќе се запишат на насоката:

  • Компјутерски системи и мрежи – 40 редовни и 20 вонредни студенти,
  • Софтверски технологии – 40 редовни и 20 вонредни студенти.

На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2021/2022 година ќе се запишат на насоката:

  • Безбедност при работа – 30 редовни и 25 вонредни студенти.

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2021/2022 година ќе се запишат на насоката:

  • Правни студии – 80 редовни и 80 вонредни студенти.

За студии со настава на англиски јазик:


На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2021/2022 година ќе се запишат на насоката:

  • Менаџмент и претприемништво – 10 редовни и 10 вонредни студенти,
  • Финансии и банкарство – 10 редовни и 10 вонредни студенти

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2021/2022 година ќе се запишат на насоката:

  • Општа Психологија – 10 редовни и 10 вонредни студенти

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2021/2022 година ќе се запишат на насоката:

  • Компјутерски системи и мрежи – 10 редовни и 10 вонредни студенти
  • Софтверски технологии – 10 редовни и 10 вонредни студенти

На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2021/2022 година ќе се запишат на насоката:

  • Безбедност при работа – 10 редовни и 10 вонредни студенти

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2021/2022 година ќе се запишат на насоката:

  • Правни студии – 10 редовни и 10 вонредни студенти

2. Услови и критериуми за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите кои се стекнале со диплома за завршено средно образование во траење од четири години во учебната 2019/2020 година без положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите. При плаќање на школарината во готово студентите добиваат попуст од 10%.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Се определува школарина за следниве факултети:

  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока: Финансии и банкарство во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока: Менаџмент и претприемништво во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за безбедносно инжeнерство за 1 циклус додипломски студии за насока: Безбедност при работа во износ од 700 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Компјутерски системи и мрежи во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Софтверски технологии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за психологија за 1 циклус додипломски студии за насока: Општа психологија во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 1 циклус додипломски студии за насока: Правни студии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно.

Износот на школарината за запишување на странски студенти со положена меѓународна матура изнесува двојно од износите предвидени за домашните студенти.


3. Рокови за пријавување и запишување   


Првиот уписен рок трае од 22.03.2021 година до 25.08.2021 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2021 година.

Вториот уписен рок трае од 01.09.2021 година до 25.09.2021 година. Во вториот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 30.09.2021 година.


4. Потребни документи за запишување


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2021/2022 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршено средно образование, односно доказ за положена државна или меѓународна матура;
  • Свидетелства од сите 4 години;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • Копија од државјанство;
  • Лична карта (на увид);
  • 4 мали фотографии во боја.

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.

За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или преку е- пошта: info@msu.edu.mk.


Имате прашања?

За дополнителни прашања слободно посетете ја страницата за Често поставувани прашања или обратете ни се преку подолу дадената форма. Ветуваме дека ќе Ви одговориме најбрзо што можеме!

CAPTCHA
Please wait...