Упис на додипломски студии – 2020/2021

Што би значело онлајн тестирање?
30 март 2020
Упис на последипломски студии – 2020/2021
2 април 2020

Упис на додипломски студии – 2020/2021

Врз основа на член 149, член 134 став 2 и член 135 од Законот за високото образование на Р. Северна Македонија (Сл. весник 82/2018) и член 165 од Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 23.03.2020 година донесе одлука за измена и дополнување на конкурсот за упис на студенти во учебната 2020/2021 година и го објавува следниов

КОНКУРС
за запишување на студенти на прв циклус на студии
во академската 2020/2021 година


• ПРВ ЦИКЛУС •


Факултет за економија и организација на претприемништвото

Факултет за психологија 

Факултет за информатика

Факултет за безбедносно инженерство 

Факултет за правни науки


1.Број на студенти


За студии со настава на македонски јазик:

На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2020/2021 година ќе се запишат на насоката:

  • Менаџмент и претприемништво – 100 редовни и 70 вонредни студенти
  • Финансии и банкарство – 100 редовни и 30 вонредни студенти

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2020/2021 година ќе се запишат на насоката

  • Општа психологија – 70 редовни и 70 вонредни студенти.

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2020/2021 година ќе се запишат на насоката:

  • Компјутерски системи и мрежи – 40 редовни и 20 вонредни студенти
  • Софтверски технологии – 40 редовни и 20 вонредни студенти

На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2020/2021 година ќе се запишат на насоката:

  • Безбедност при работа – 30 редовни и 25 вонредни студенти

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2020/2021 година ќе се запишат на насоката:

  • Административно право и јавна администрација – 20 редовни и 20 вонредни студенти
  • Граѓанско право – 20 редовни и 20 вонредни студенти 
  • Казнено право – 20 редовни и 20 вонредни студенти 
  • Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија – 20 редовни и 20 вонредни студенти 
  • Финансии и деловно право – 20 редовни и 20 вонредни студенти

За студии со настава на англиски јазик:


На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2020/2021 година ќе се запишат на насоката:

  • Менаџмент и претприемништво – 10 редовни и 5 вонредни студенти
  • Финансии и банкарство – 10 редовни и 5 вонредни студенти

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2020/2021 година ќе се запишат на насоката:

  • Општа Психологија – 20 редовни и 10 вонредни студенти

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2020/2021 година ќе се запишат на насоката:

  • Компјутерски системи и мрежи – 10 редовни и 5 вонредни студенти
  • Софтверски технологии – 10 редовни и 5 вонредни студенти

На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2020/2021 година ќе се запишат на насоката:

  • Безбедност при работа – 10 редовни и 5 вонредни студенти

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2020/2021 година ќе се запишат на насоката:

  • Административно право и јавна администрација – 5 редовни и 5 вонредни студенти
  • Граѓанско право – 5 редовни и 5 вонредни студенти
  • Казнено право – 5 редовни и 5 вонредни студенти
  • Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија – 10 редовни и 10 вонредни студенти
  • Финансии и деловно право – 5 редовни и 5 вонредни студенти

2. Услови и критериуми за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите. При плаќање на школарината во готово студентите добиваат попуст од 10%.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Се определува школарина за следниве факултети:

  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока: Финансии и банкарство во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока: Менаџмент и претприемништво во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за безбедносно инжeнерство за 1 циклус додипломски студии за насока: Безбедност при работа во износ од 700 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Компјутерски системи и мрежи во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: Софтверски технологии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за психологија за 1 циклус додипломски студии за насока: Општа психологија во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 1 циклус додипломски студии за насока: Правни студии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно.

Износот на школарината за запишување на странски студенти со положена меѓународна матура изнесува двојно од износите предвидени за домашните студенти.


3. Рокови за пријавување и запишување   


Првиот уписен рок трае од 02.04.2020 година до 25.08.2020 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2020 година.

Вториот уписен рок трае од 01.09.2020 година до 25.09.2020 година. Доколку во првиот уписен рок не се пополнат сите предвидени места, во вториот уписен рок можат да се запишат кандидати со положена државна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 30.09.2020 година.


4. Потребни документи за запишување


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2020/2021 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршено средно образование, односно доказ за положена државна или меѓународна матура;
  • Свидетелства од сите 4 години;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • Копија од државјанство;
  • 4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.

За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или преку е- пошта: info@msu.edu.mk.


Имате прашања?

За дополнителни прашања слободно посетете ја страницата за Често поставувани прашања или обратете ни се преку подолу дадената форма. Ветуваме дека ќе Ви одговориме најбрзо што можеме!

CAPTCHA
Please wait...