Упис на додипломски студии – 2019/2020

Повик за сите студенти на МСУ!
19 септември 2019
Од 2-ри до 4-ти октомври ќе се одржи петтиот меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“
24 септември 2019

Упис на додипломски студии – 2019/2020

Врз основа на член 149, член 134 став 2 и член 135 од Законот за високото образование на Р. Северна Македонија (Сл. весник 82/2018) и член 165 од Статутот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 20.09.2019 година донесе одлука за измена и дополнување на конкурсот за упис на студенти во учебната 2019/2020 година и ја објавува следната

Измена и дополнување на КОНКУРС
за запишување на студенти на прв и втор циклус на студии
во академската 2019/2020 година

1. Во конкурсот за запишување на студенти на прв и втор циклус на студии во академската 2019/2020 година објавен на 25.04.2019 година и подоцна изменет на 14.05.2019 година во весникот Нова Македонија се врши измена и дополнување.

2. Се врши измена во делот на прв циклус на студии во делот на предвидени насоки на факултетите, во делот на точка 1 за број на студенти се врши измена во делот на број на редовни и вонредни студенти, во делот на точка 2 – услови и критериуми  за упис, се врши измена во делот на школарина на домашни и странски студенти.

3. Се врши измена во делот на втор циклус на студии во делот на предвидени насоки на факултетите, во делот на точка 1 за број на студенти се врши измена во делот на број на студенти, во делот на точка 2 – услови и критериуми  за упис, се врши измена во делот на школарина на домашни и странски студенти,во делот на факултетот за правни науки се врши дополнување на овој конкурс со тоа што се распишува конкурс за едногодишни студии на една од петте насоки.

4. Оваа измена стапува на сила од денот на донесувањето.


• ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ •


Факултет за економија и организација на претприемништвото (4+1)

  • Менаџмент и претприемништво
  • Финансии и банкарство

Факултет за психологија (4+1)

  • Општа психологија

Факултет за информатика (3+2)

  • Софтверски технологии
  • Компјутерски системи и мрежи

Факултет за безбедносно инженерство (3+2)

  • Безбедност при работа

Факултет за правни науки (3+1+1)

  • Административно право и јавна администрација
  • Граѓанско право,
  • Казнено право,
  • Меѓународно право, право на ЕУ и диппломатија и,
  • Финансии и деловно право

1.Број на студенти


За студии со настава на македонски јазик:

На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:

  • Менаџмент и претприемништво – 100 редовни студенти
  • Финансии и банкарство – 100 редовни студенти

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката

  • Општа психологија – 70 редовни и 60 вонредни студенти.

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:

  • Компјутерски системи и мрежи – 40 редовни и 20 вонредни студенти
  • Софтверски технологии – 40 редовни и 20 вонредни студенти

На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години, односно шест семестри, во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:

  • Безбедност при работа – 55 студенти

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од четири години, односно осум семестри, во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:

  • Административно право и јавна администрација – 20 редовни и 20 вонредни студенти
  • Граѓанско право – 20 редовни и 20 вонредни студенти 
  • Казнено право – 20 редовни и 20 вонредни студенти 
  • Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија – 20 редовни и 20 вонредни студенти 
  • Финансии и деловно право – 20 редовни и 20 вонредни студенти

За студии со настава на англиски јазик:


На Факултетот за економија и организација на претприемништвото на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:

  • Менаџмент и претприемништво – 10 редовни и 5 вонредни студенти
  • Финансии и банкарство – 10 редовни и 5 вонредни студенти

На Факултетот за психологија на прв циклус на студии во времетраење од четири години односно осум семестри во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:

  • Општа Психологија – 20 редовни и 10 вонредни студенти

На Факултетот за информатика на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:

  • Компјутерски системи и мрежи – 10 редовни и 5 вонредни студенти
  • Софтверски технологии – 10 редовни и 5 вонредни студенти

На Факултетот за безбедносно инженерство на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:

  • Безбедност при работа – 10 редовни и 5 вонредни студенти

На Факултетот за правни науки на прв циклус на студии во времетраење од три години односно шест семестри во учебната 2019/2020 година ќе се запишат на насоката:

  • Административно право и јавна администрација – 5 редовни и 5 вонредни студенти
  • Граѓанско право – 5 редовни и 5 вонредни студенти
  • Казнено право – 5 редовни и 5 вонредни студенти
  • Меѓународно право, Право на ЕУ и дипломатија – 10 редовни и 10 вонредни студенти
  • Финансии и деловно право – 5 редовни и 5 вонредни студенти

2. Услови и критериуми за упис


Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите. При плаќање на школарината во готово студентите добиваат попуст од 10%.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Се определува школарина за следниве факултети:

  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока: финансии и банкарство во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за економија и организација на претприемништво за 1 циклус додипломски студии за насока :менаџмент и претприемништво во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за безбедносно инжeнерство за 1 циклус додипломски студии за насока: безбедност при работа во износ од 700 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: компјутерски системи и мрежи во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за информатика за 1 циклус додипломски студии за насока: софтверски технологии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за психологија за 1 циклус додипломски студии за насока: општа психологија во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно,
  • Факултет за правни науки за 1 циклус додипломски студии за насока: правни студии во износ од 500 евра во денарска противвредност годишно.

Износот на школарината за запишување на странски студенти со положена меѓународна матура изнесува двојно од износите предвидени за домашните студенти.


3. Рокови за пријавување и запишување   


Првиот уписен рок трае од 25.04.2019 година до 25.08.2019 година. Во првиот уписен рок право на запишување имаат кандидатите со положена државна или меѓународна матура, студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 31.08.2019 година.

Вториот уписен рок трае од 01.09.2019 година до 25.09.2019 година. Доколку во првиот уписен рок не се пополнат сите предвидени места, во вториот уписен рок можат да се запишат студенти од други факултети и дипломирани лица. Листата на запишаните студенти ќе биде објавена на 30.09.2019 година.


4. Потребни документи за запишување


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2019/2020 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршено средно образование, односно доказ за положена државна или меѓународна матура;
  • Свидетелства од сите 4 години;
  • Копија од извод од матична книга на родените;
  • Копија од државјанство;
  • 4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе – Битола, Република Северна Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.

За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на тел. 032/440-330, 032/440-202, 047/222-503, 047/238-077 или преку е- пошта: info@msu.edu.mk.


Имате прашања?

За дополнителни прашања слободно посетете ја страницата за Често поставувани прашања или обратете ни се преку подолу дадената форма. Ветуваме дека ќе Ви одговориме најбрзо што можеме!

CAPTCHA
Please wait...