За да можат странски студенти да се запишат на МСУ, потребно е прво да ја нострифицираат нивната диплома во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија. Постапката трае околу 60 дена од моментот на аплицирање, но Ве молиме имајте предвид дека се потребни неколку недели претходно за превод на документите и заверка на нотар.

Државјанин на Република Северна Македонија кој во странство завршил средно образование или завршил одделна година од средното oбразование, има право да бара нострификација или признавање на еквиваленција во согласност со Законот за средно образование, доколку со меѓународните договори не е поинаку определено. Странски државјанин и лице без државјанство има право да бара нострификација или признавање на еквиваленција на свидетелство стекнато во странство.

Во моментов нострификацијата на дипломите се прави онлајн, преку веб страницата uslugi.gov.mk. Студентите можат самостојно да аплицираат за нострификација преку веб страницата или да побараат помош од вработен од Меѓународен Славјански Универзитет.

Меѓународен Славјански Универзитет преку својот Enrollment Institute им асистира на студентите во постапката за превод на документите и заверка на нотар.


Додипломски студии


На веб страницата на Министерството за образование и наука се наведени сите потребни документи за нострификација на документи од средно образование:

  • Оригинал диплома за завршено средно образование заверена со апостил печат (на увид)
    • две фотокопии од дипломата (една заверена на нотар);
    • два примероци од дипломата преведена од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија два примероци од кои еден заверен на нотар;
  • Оригинал свидетелства за секоја завршена година (на увид)
    • две фотокопии од секое свидетелство (од кои една заверено на нотар);
    • два примероци од секое свидетелство преведено од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија од кои еден примерок заверен на нотар;
  • Молба за нострификација
  • Оригинал извод од матичната книга на родените и две фотокопии 
    • доколку изводот не е издаден во Република Северна Македонија, потребни се и два примероци преведени од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија од кои еден примерок треба да биде заверен на нотар
  • Оригинал уверение за државјанство и две фотокопии
    • доколку уверението не е издадено во Република Северна Македонија, потребни се и два примероци преведени од овластен судски преведувач во Република Северна Македонија од кои еднен примерок треба да биде заверен на нотар
  • Доказ за уплатени средства од 3000 денари
    • оригинал уплатница со уплатени 3000,00 денари;
      цел на дознаката: уплата за нострификација за средно образование;
      назив на примачот: Министерство за образование и наука;
      банка на примачот: НБРМ;
      сметка: 100000000063095;
      износ: 3000,00 денари;
      сметка на буџетски корисник: 160010032978736;
      приходна шифра и програма: 72311910
  • Доказ за уплатена административна такса од 250 денари
    • оригинал уплатница со уплатени 250,00 денари;
      цел на дознаката: уплата за aдминистративна такса;
      назив на примачот:Трезорска сметка на Р. Северна Македонија;
      банка на примачот: НБРМ;
      сметка: 100000000063095;
      износ: 250,00 денари;
      уплатна сметка: 840 – XXX – 03161; (наместо ХХХ се впишува бројот на Вашата општина, a за странски државјани се впишува 182)
      приходна шифра и програма: 722313 – 00.

Последипломски студии


За признавање на високообразовни квалификации странските студенти може да се информираат на веб страницата на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.

Листа на потребни документи за признавање на прв циклус универзитетски студии: 

  • Барање за признавање и/или еквиваленција на странска високообразовна квалификација
  • Оригинал странска високообразовна диплома (заверена со апостил печат, односно печат од соодветното Министерство за надворешни работи за земјите кои не се членки на Хашката конвенција) на увид
    • Фотокопија од високообразовна диплома (еден примерок, заверен на нотар)
    • Превод од странската високообразовна диплома (еден примерок на македонски јазик, заверен на нотар)
  • Оригинал уверение со оценки/транскрипт или додаток на диплома (на увид)
    • Фотокопија од уверение со оценки/транскрипт или додаток на диплома (еден примерок, заверен на нотар)
    • Превод од уверение со оценки/транскрипт или додаток на диплома (еден примерок на македонски јазик, заверен на нотар)
  • Студиски план и програма во времетраење на студирањето
  • Уплатница со административни такси од 250 денари
    • назив и седиште на примач: Трезорска сметка на РМ
      банка на примач: Народна Банка на РМ
      трансакциска сметка: 1000000000 630 95
      износ: 250,00 МКД
      уплатна сметка: 840-XXX-03161 (XXX-општина, за странски државјани XXX-182)
      приходна шифра и програма: 722313-00
      цел на дознака: уплата за административна такса за нострификација
  • Уплатница во износ од 4500 денари
    • назив на примачот: Буџет на Република Македонија, Министерство за образование и наука
      банка на примачот: Народна Банка
      сметка: 1000000000 630 95
      износ: 4.500,00 денари
      сметка на буџетски корисник: 1600100329 788 44
      приходна шифра и програма: 723 119 40
      цел на дознака: уплата за нострификација