Конкурс за трансфер и упис на студенти на прв циклус на студии на акредитираните студиски програми во учебната 2020/2021 година

Резултати од Есенскиот ликовен и фото конкурс – 2020
15 декември 2020
Се одржа и вториот дел од вечерните дискусии на теми од психологијата
18 декември 2020

Конкурс за трансфер и упис на студенти на прв циклус на студии на акредитираните студиски програми во учебната 2020/2021 година

Врз основа на Правилникот за формата и начинот и водењето (во материјална и електронска форма) и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти (Сл. весник на РМ 102/18) и Статутот на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 09.12.2020 година донесе одлука за трансфер и упис на студенти во учебната 2020/2021 година и го објавува следниот

КОНКУРС
за трансфер и упис на студенти на прв циклус на студии
на акредитираните студиски програми во учебната 20
20/2021 година на



 1. Услови за упис


Право на аплицирање имаат студенти кои истовремено студираат на повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви, студенти кои побрзо напредуваат во студиите, студенти кои ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа ако високообразовната установа на која биле запишани престане да работи, студентите кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми  и насоки или во иста високообразовна установа и притоа ги користат погодностите на кредит системот, студенти кои ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови определени со статутот на високообразовната установа, странски студенти, како и студенти кои од оправдани причини не успеале да се запишат во матичната книга при првиот термин на затворањето.

Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 500 евра (за една учебна година) во денарска противвредност односно 700 евра (за една учебна година) за Факултетот за bезбедносно инжeнерство, сметано по курс на НБРМ на денот на уплатата. При плаќање на школарината во готово студентите добиваат попуст од 10%.

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


 2. Рокови за пријавување и запишување


Пријавување на кандидати – од 11.12.2020 до 31.01.2021 година

Донесување на прелиминарни одлуки за упис на кандидатот – до 05.02.2021 година

Донесување на конечни одлуки и запишување на кандидатите – по донесување на решение од страна на Министерството за образование и наука на РСМ.


3. Потребни документи за запишување


При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2020/2021 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Диплома за завршено средно образование и доказ за положена државна или меѓународна матура (освен за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2019/2020 година и истите беа ослободени од полагање на матура);
  • Свидетелства од сите години;
  • Извод од матична книга на родените;
  • 4 мали фотографии во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин”, Република Северна Македонија во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.

 


Аплицирајте онлајн


Преку оваа страница за неколку минути и во пет чекори ќе можете да аплицирате онлајн за трансфер на еден од петте факултети на МСУ. Во следниве неколку чекори ние ќе Ве водиме низ апликацијата и ќе Ви објасниме како да аплицирате за трансфер – целосно електронски.


Чекор 1: Одберете го факултетот кој Ви се допаѓа.


  • Информирајте се. Разгледајте ја нашата веб страница и одберете го факултетот кој Ви се допаѓа.
  • Слободно можете да поразговарате со нашите вработени од Центарот за кариера за да бидете сигурни дека сте на вистинскиот пат. За да закажете консултации контактирајте не на info@msu.edu.mk.

Чекор 2: Аплицирајте


Доколку насоката која ја одбравте Ве води кон професијата од Вашите соништа, тогаш сторете нешто во врска со тоа! Откако ги собравте сите потребни информации, време е за онлајн аплицирање. Пополнете ја апликацијата за да ги доставите Вашите податоци до Службата за студентски прашања.

Општи податоци

Ве молиме наведете го прво името на факултетот, па името на универзитетот.

Податоци за завршено образование
CAPTCHA
Please wait...

Чекор 3: Испратете ги документите


По пополнување на апликацијата испратете ги потребните документи за трансфер до Службата за студентски прашања.

  • Доколку аплициравте за трансфер во Свети Николе, доставете ги скенирани документите на studentski@msu.edu.mk.
  • Доколку аплициравте за трансфер во Битола, доставете ги скенирани документите на bitola@msu.edu.mk.

При пријавувањето за трансфер на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат скенирани следните документи:

  •   Диплома за завршено средно образование и доказ за положена државна или меѓународна матура (освен за лицата кои завршиле средно образование во учебната 2019/2020 година и истите беа ослободени од полагање на матура);
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Извод од матична книга на родените;
  •   4 мали фотографии во боја

Чекор 4: Очекувајте да Ве контактираме.


Сега, кога веќе сè Ви е подготвено, Службата за студентски прашања ќе направи проверка на сите документи. Во рок од неколку денови ќе бидете контактирани.


Чекор 5: Запишување


По донесување на решение од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија ќе бидат донесени конечни одлуки и ќе бидете информирани дали трансферот може да се направи.


Имате прашања?


CAPTCHA
Please wait...