Меѓународно право, меѓународни односи и историја на дипломатија (4+1)


Меѓународно право, меѓународни односи и историја на дипломатија (4+1)


Име на студиската програма: Меѓународно право, меѓународни односи и историја на дипломатија
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на правни науки – меѓународно право, меѓународни односи и историја на дипломатија
Годишна школарина: 1530 евра


Современата глобална политика, меѓузависноста и растечките предизвици за државите во меѓународната политика, безбедност и економија, зголемените транснационални канали на комуникација, светската трговија и капитални текови се карактеристики на современите држави во светот. Имајќи ги предвид наведените карактеристики, државите но и другите форми на меѓународни организации, владини и невладини, секојдневно се соочуваат со проблеми чие решавање е единствено возможно преку заеднички, глобални напори и меѓународна соработка и дипломатија.


Студиската програма Меѓународно право, меѓународни односи и историја на дипломатија на студентите им нуди можност да се стекнат со проширено знаење од областа на меѓународното право, право на ЕУ и дипломатијата. Програмата е дизајнирана согласно најновите трендови и меѓународни искуства, а со цел да им одговори на тековните и идни потреби за создавање стручен и профилиран кадар кој ќе се занимава различни аспекти од оваа проблематика.


Наставна програма


Меѓународно право, меѓународни односи и историја на дипломатија е една од насоките на последипломските студии кои студентот може да ги избере по дипломирањето.

Студиските програми за последипломски правни студии се наменети за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки распоредени петтата година од студиите, односно да освои 60 ЕКТС кредити и да се стекне со соодветен стручен назив Магистер на правни науки – меѓународно право, меѓународни односи и историја на дипломатија во конкретната област.

Од изборните предмети се избира само по еден предмет за секој семестар.

Покрај успешно полагање на предвидените предметни програми, за стекнување на потребниот број кредити предвидени на последипломските стручни студии, студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на соодветните студии од втор циклус и стекнување со стручен назив Магистер на правни науки – меѓународно право, меѓународни односи и историја на дипломатија.


Факултет за правни науки
Студиска програма Меѓународно право, меѓународни односи и историја на дипломатија (4+1)
Магистер на правни науки – меѓународно право, меѓународни односи и историја на дипломатија
9 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Меѓународно право (јавно и приватно) Задолжителен 8 152
2 Меѓународни политички односи Задолжителен 8 152
3 Меѓународно право за правата на човекот Задолжителен 8 152
4 Меѓународно договорано право Изборен 6 152
5 Дипломатско и конзуларно право Изборен 6 152
6 Современи политички системи Изборен 6 152
10 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
7 Академско пишување Задолжителен 8 152
8 Мирно решавање на споровите во меѓународните односи Задолжителен 8 152
9 Магистерски труд Задолжителен 8 152
10 Меѓународно воено и хуманитарно право Изборен 6 152
11 Право на ЕУ за заштита на животната средина Изборен 6 152

 


Услови за упис


Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


CAPTCHA image