Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1)

Насока Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1)

Име на насоката: Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 5
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија
Годишна школарина: 1530 евра


Современата глобална политика, меѓузависноста и растечките предизвици за државите во меѓународната политика, безбедност и економија, зголемените транснационални канали на комуникација, светската трговија и капитални текови се карактеристики на современите држави во светот. Имајќи ги предвид наведените карактеристики, државите но и другите форми на меѓународни организации, владини и невладини, секојдневно се соочуваат со проблеми чие решавање е единствено возможно преку заеднички, глобални напори и меѓународна соработка и дипломатија.


Студиската програма Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија на студентите им нуди можност да се стекнат со проширено знаење од областа на меѓународното право, право на ЕУ и дипломатијата. Програмата е дизајнирана согласно најновите трендови и меѓународни искуства, а со цел да им одговори на тековните и идни потреби за создавање стручен и профилиран кадар кој ќе се занимава различни аспекти од оваа проблематика.


Наставна програма


Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија е една од насоките на последипломските студии кои студентот може да ги избере по дипломирањето.

Студиските програми за последипломски правни студии се наменети за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студентот може да го продолжи своето образование на една од петте специјализирани насоки распоредени петтата година од студиите, односно да освои 60 ЕКТС кредити и да се стекне со соодветен стручен назив „Магистер по меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија“ во конкретната област.

Од понудените седум изборни предмети во деветти семестар, се избираат само пет предмети кои студентот ги полага.

Покрај успешно полагање на предвидените предметни програми, за стекнување на потребниот број кредити предвидени на последипломските стручни студии, студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на соодветните студии од втор циклус и стекнување со стручен назив магистер по право.

 

Факултет за правни науки
Насока Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1)
Магистер по меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија
9 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Заедничка надворешна и безбедносна политика Изборен 6 152
2 Меѓународни политички односи Изборен 6 152
3 Европско право на интелектуалната сопственост Изборен 6 152
4 Меѓународно договорно право Изборен 6 152
5 Меѓународно воено и хуманитарно право Изборен 6 152
6 Мирно решавање на спорови Изборен 6 152
7 Право на ЕУ за заштита на животната средина Изборен 6 152
10 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
Изработка на магистерски труд Задолжителен

 


Услови за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


Факултет за правни науки | 2017

Уписите на додипломските и последипломските студии на Факултетот за правни науки се веќе започнати! ⏰Наставните програми им нудат на идните студенти можност да се стекнат со потребната теоретска основа и практични познавања, способности и вештини од областа на правото.И Вие сакате да студирате право? 🤔 Прочитајте повеќе на: http://msu.edu.mk/fakulteti/fpn/dodiplomski/ 🙂Официјален руски партнерски универзитет. 🇲🇰 🇷🇺

Posted by Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ on Monday, June 26, 2017


CAPTCHA
Please wait...