Изборен модул Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1)
Важно: Оваа студиска програма повеќе не е активна. Кликнете овде за новата студиска програма.
Име на студиската програма: Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: изборен модул на додипломски студии (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 6
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 240
Стручен назив: дипломиран правник
Годишна школарина: 1030 евра
Современата глобална политика, меѓузависноста и растечките предизвици за државите во меѓународната политика, безбедност и економија, зголемените транснационални канали на комуникација, светската трговија и капитални текови се карактеристики на современите држави во светот. Имајќи ги предвид наведените карактеристики, државите но и другите форми на меѓународни организации, владини и невладини, секојдневно се соочуваат со проблеми чие решавање е единствено возможно преку заеднички, глобални напори и меѓународна соработка и дипломатија.
Студиската програма Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија на студентите им нуди можност да се стекнат со проширено знаење од областа на меѓународното право, право на ЕУ и дипломатијата. Програмата е дизајнирана согласно најновите трендови и меѓународни искуства, а со цел да им одговори на тековните и идни потреби за создавање стручен и профилиран кадар кој ќе се занимава различни аспекти од оваа проблематика.
Наставна програма
Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија е еден од изборните модули кои студентот може да ги избере по завршувањето на тригодишните општи студии.
Оваа студиска програма е наменета за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студуиската програма им нуди можност да студентите да го продолжат своето образование во четврта година, односно да освојат дополнителни 60 ЕКТС, со што ќе се стекнат со стручен назив дипломиран правник.
Студиската програма трае една година (два семестри) и со завршување, заедно со првиот циклус, по вкупно стекнатите 240 кредити и одбрана на завршен дипломски труд, студентот се стекнува со стручниот назив дипломиран правник.
Факултет за правни науки | ||||
Студиска програма Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија | ||||
Стручен назив: дипломиран правник | ||||
7 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
1 | Методологија на истражување | Задолжителен | 8 | 240 |
2 | Меѓународно право за правата на човекот | Задолжителен | 8 | 240 |
3 | Дипломатско и конзуларно право | Задолжителен | 8 | 240 |
4 | Меѓународни организации | Задолжителен | 6 | 180 |
8 СЕМЕСТАР | ||||
ПРЕДМЕТ | ЗАД./ИЗБ. | ЕКТС | ОПТОВАРЕНОСТ | |
5 | Меѓународно право, право на ЕУ и дипломатија – применета програма | Задолжителен | 14 | 420 |
6 | Изработка на дипломски труд | Задолжителен | 16 | 480 |
Услови за упис
Право на запишување на изборен модул имаат студентите кои се стекнале со најмалку 180 ЕКТС.
Школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.
https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1638125069531566/