Казнено право (3+1+1) – (стара програма, до 2020 г.)


Изборен модул Казнено право (3+1+1)


Важно: Оваа студиска програма повеќе не е активна. Кликнете овде за новата студиска програма.


Име на студиската програма: Казнено право
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: изборен модул на додипломски студии (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 6
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 240
Стручен назив: дипломиран правник
Годишна школарина: 1030 евра


Современите трендови на најголемиот број правни факултети во светот за изучување на казненото право, се во директна корелација со статистичките податоци кои одат во прилог дека процентот на криминогени однесувања бележи значителен пораст на глобално ниво. Од тие причини, Факултетот за правни науки при МСУ воведе специјализирана студиска програма за изучување на оваа фундаментална и комплексна дисциплина која ги опфаќа аспектите на казненото материјално, процесно и извршно право.



Предмет на изучување во рамки на студиската програма Казнено право се и криминологијата и пенологијата како предметни содржини во рамки на кои студентите ќе стекнат продлабочени знаења за начините за сузбивање и превенција на криминалитетот.  Студентите кои ќе се определат за оваа студиска програма, се очекува да стекнат не само проширено теоретско познавање на казненото право, туку и и вештини за негова практична примена пред правосудните органи, јавното обвинителство и други институции кои имаат истражни овластувања.


Наставна програма


Казнено право е еден од изборните модули кои студентот може да ги избере по завршувањето на тригодишните општи студии.

Оваа студиска програма е наменета за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. Студиската програма им нуди можност да студентите да го продолжат своето образование во четврта година, односно да освојат дополнителни 60 ЕКТС, со што ќе се стекнат со стручен назив дипломиран правник.

Студиската програма трае една година (два семестри) и со завршување, заедно со првиот циклус, по вкупно стекнатите 240 кредити и одбрана на завршен дипломски труд, студентот се стекнува со стручниот назив дипломиран правник.


Факултет за правни науки
Студиска програма Казнено право
Стручен назив: дипломиран правник
7 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Методологија на истражување Задолжителен 8 240
2 Криминологија Задолжителен 8 240
3 Пенологија Задолжителен 8 240
4 Малолетничко казнено право Задолжителен 6 180
8 СЕМЕСТАР
  ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
5 Казнено право – применета програма Задолжителен 14 420
6 Изработка на дипломски труд Задолжителен 16 480

 


Услови за упис


Право на запишување на изборен модул имаат студентите кои се стекнале со најмалку 180 ЕКТС.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1030 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1638125069531566/


CAPTCHA image